Звукот на аргентинското танго се слушаше во Храмот на културата во Струмица

Понеделник, 22 Јануари 2018

Струмичани имаа ретка можност, барем оние кои беа синоќа во Храмот на културата во Струмица, да уживаат во звуците на аргентинското танго од четворица виртуози на своите инструменти, двајцата струмичани Тони Пецанов на бандонеон и Роберт Цеков на виолина, кој живее и работи во Холандија, Емилија Кабранова Филипова од Неготино на пијано и битолчанката Александра Чуруковска на контрабас.

Четворицата професионални музичари на големата сцена, звуците од бандонеонот, пијаното, виолината, контрабасот, на познати композиици од аргентинскиот мајстор на тангото Астор Пјацола, студената сала на НУЦК „Антон Панов“, направија топол амбиент, љубовни насмевки на лицата на публиката, која не остана рамнодушна на ниту една отсвирена нота и ги наградуваше музичарите со долготрајни аплаузи.

Кај нас танго музика се слуша исклучиво во домашен амбиент, живите изведби се вистинска реткост, како што беше синоќешниот концерт наречен „Танго во ноќта“, создаден од идејата на Тони Пецанов и неговите пријатели, во организација на НУЦК „Антон Панов“, а со финансиска поддршка на Министерството за култура. (Р.Ѓ.)

Автор на фотографиите: Георги Кончалиев

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Полицијата со акциски контроли на возачите на мотори

Полицијата со акциски контроли на возачите на мотори

Јул 21, 2018 Струмица

Со акциска контрола на кружниот тек кај булеварот „Маршал Тито“, СВР Струмица и мото-клубот Авантура Тим од Струмица вчера ги советуваа возачите на мо...

Kонсултативна средба за Иловица-Штука: Цијанид и сулфурна киселина нема да се користи, ќе се формира независно тело за мониторинг

Kонсултативна средба за Иловица-Штука: Цијанид и сулфурна ки…

Јул 21, 2018 Струмица

Повеќе од четири часа траела консултативната средба за искажување ставови, факти заложби поврзани со проектот за развој на рудникот за бакар и злато в...

Денеска и утре во Струмица одбојка на песок

Денеска и утре во Струмица одбојка на песок

Јул 21, 2018 Струмица

Денеска и утре на тениското игралиште до базенот „Аквариус“ во Струмица се одржува турнир во одбојка на песок - „Volleyball Summer 2018 Strumica“. Дв...

Владата ги седна на маса засегнатите страни за рудникот Иловица, надвор активистите со пароли против

Владата ги седна на маса засегнатите страни за рудникот Илов…

Јул 20, 2018 Струмица

Вечерва претставници на Владата на Република Македонија, предводени од премиерот Зоран Заев, заедно со претставници на „Еуромакс“ и граѓанските активи...

Заврши реконструкцијата на патот Струмица - Берово

Заврши реконструкцијата на патот Струмица - Берово

Јул 20, 2018 Струмица

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска информираше дека е завршена реконструкцијата на делници од патот Струмица-Берово. Двете делни...

Градоначалникот Јаневски одржа работна средба со министерот Сугарески

Градоначалникот Јаневски одржа работна средба со министерот …

Јул 20, 2018 Струмица

Заедничките проекти во решавањето на инфраструктурните проблеми во општина Струмица, беа главната тема за разговор на средбата која градоначалникот Ко...

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на Уличен Баскет 2018

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на Уличен Баскет 2018

Јул 20, 2018 Струмица

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на годинашниот Уличен Баскет, второто место го освоија Лукас Трејд од Радовиш, а бронзата ја доби тимот на Пице...

Книгата на Иван Котев ја насмеа публиката до солзи

Книгата на Иван Котев ја насмеа публиката до солзи

Јул 20, 2018 Струмица

Никој не остана рамнодушен на стиховите од книгата на Иван Котев, „Играле моми по месечина“, која синоќа во Центарот за култура во Струмица беше промо...