Ѓуркова: Органскиот отпад место на депонии да се искористи за производство на компост

Четврток, 11 Јануари 2018

„Секој од нас како индивидуа генерира околу 500 килограми отпад на годишно ниво, а некаде од 40 до 60% е органски отпад, односно биоразградлив отпад кој моментално како фракција се одложува заедно со целокупниот комунален отпад. Нашата цел беше подигање на јавната свест кај населението во двата погранични региони и наместо одлагање на тој отпад во постојните депонии да биде искористен како ресурс. Фактот дека поделените 400 компостери беа недоволни во однос на барањата од граѓаните покажува дека сме ја постигнале целта на проектот, но и ни дава поттик за веќе да размислуваме како овој проект да биде надграден и да ги прошириме и продолжиме активностите од овој тип“ - рече на денешната прес конференција, Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, по повод завршувањето на имплементацијата на проектот „Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир”, кој се имплементираше во изминатите 15 месеци со основна цел преку подигање на јавната свест кај граѓаните за бенефитот од компостирање да се заштити животната средина.

Ѓуркова на прес конференцијата го презентираше проектот, постигнатите резултати од проектот, активностите кои беа спроведени и изработената „Студија за анализа на потенцијалите за компостирање во домашни услови во Југоисточниот плански регион“.

Со имплементацијата на проектот беа распоредени вкупно 800 компостери во домаќинствата во прекуграничниот регион. Во Југоисточниот регион компостери добија 400 домаќинства, а граѓаните кои добија компостери беа запознаени со процесот на компостирање преку инфо деновите, презентациите како и брошурите за компостирање кои им беа доделени. Беше креирано и емитувано видео за проектот и за компостирањето на регионалните телевизиски станици со цел подигнување на јавната свест и промовирање на придобивките кои луѓето и животната средина ќе ги добијат со компостирањето.

Проектот се имплементира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како лидер партнер на проектот и Асоцијацијата на Југозападни општини од Република Бугарија, како проектен партнер, а е финансиран од Европската Унија со вкупен буџет од 117.164 евра, преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија.

ПОВЕКЕ ВЕСТИ

Повторно уништени жардинериите на плоштадот во Струмица

Повторно уништени жардинериите на плоштадот во Струмица

Јан 18, 2018 Струмица

Повторно на мета на вандалите беа жардинериите поставени на градското корзо и плоштадот во Струмица. Колку повеќе се вложуваат напори визуелно, од ест...

ФОТО: Силниот ветар откорна дрво кај Црквата „Св. Димитриј“

ФОТО: Силниот ветар откорна дрво кај Црквата „Св. Димитриј“

Јан 18, 2018 Струмица

Силниот ветар кој од синоќа беснее низ струмичко, утрово откорна големо дрво кај црквата „Свети Димитриј“ во Струмица. Откорнато дрво е забележано и н...

Утре прекин на електричната енергија во Дабиље

Утре прекин на електричната енергија во Дабиље

Јан 17, 2018 Струмица

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Се бетонира улица над турските гробишта во Струмица

Се бетонира улица над турските гробишта во Струмица

Јан 17, 2018 Струмица

Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Струмица, денеска се врши бетонирање на улицата која што се нао...

Традиционална крводарителска акција на вработените во Општина Струмица

Традиционална крводарителска акција на вработените во Општин…

Јан 17, 2018 Струмица

Вработените во Општина Струмица денеска уште еднаш ја потврдија својата хуманост и солидарност во традиционалната крводарителска акција. Станува збор...

Несовесни граѓани продолжуваат и понатаму да создаваат диви депонии

Несовесни граѓани продолжуваат и понатаму да создаваат диви …

Јан 17, 2018 Струмица

Несовесни граѓани и покрај честите апели на ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица, продолжуваат и понатаму да го фрлат отпадот на несоодветни места, соз...

Се уредува базенот „Аквариус“ за големиот празник Водици

Се уредува базенот „Аквариус“ за големиот празник Водици

Јан 17, 2018 Струмица

Од утрово екипи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица спроведоа акција за чистење на базенот и околу него, каде во петок ќе се одржи традиционалното фрлање на ...

Македонските ракометари му ја исполнија желбата на младиот струмичанец Михајло

Македонските ракометари му ја исполнија желбата на младиот с…

Јан 16, 2018 Струмица

Иако немаат време за одмор и постојано се насочени кон подготовка за секоја нареден натпревар, сепак нашите репрезентативци денеска му ја исполнија же...