Јаневски: Имам голема желба и најсериозна намера да го решам проблемот во Софилар

Сабота, 16 Декември 2017

„Ќе го забрзаме процесот на легализација на бесправно изградените објекти во месноста Софилар. Жителите конечно ќе ги уживаат бенефитите од урбанизацијата со патна, водоводна и канализациона инфраструктура и јавно осветлување“ - ова беше едно од ветувањата во предизборната кампања на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски. Два месеца по ова ветување, тој започна со негова реализација.

Синоќа во големата сала на домот на АРМ во Струмица, градоначалникот Јаневски со своите соработници, одржа собир со граѓаните од населбата Софилар, односно, од блоковите 39 и 40. Целта на собирот беше да се нотираат проблемите со урбанизацијата на бесправно изградените објекти, односно, да се забрза тој процес за да може да се донесе деталниот урбанистички план и потоа да се изгради целокупната инфраструктура која ќе им обезбеди подобри услови за живот на жителите од овој дел на градот.

„Имам голема желба и најсериозна намера да го решам проблемот во Софилар и затоа го иницирав овој собир. Истата желба ја имате и вие. Затоа, апелирам да го завршите легализирањето на бесправно изградените објекти по итна постапка, во која ќе ја имате и нашата помош, за да можеме потоа ние, како Општина,  да си ја завршиме нашата работа“ им рече Јаневски на жителите од Софилар.

По дискусиите на присутните во кои акцентот беше ставен на брзо решавање на проблемот, се донесе заклучок до крајот на годината да се достават елаборатите за да може по брза постапка да се легализираат бесправно изградените објекти, а веднаш потоа и постапката за донесување на деталниот урбанистички план за блоковите 39 и 40.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...