ФОТО: Во Струмица отворен пункт за згрижување на бездомници

06 Декември 2017

Во дворот на Општинската организација на Црвен крст во Струмица, Министерството за труд и социјална политика постави два контејнери за згрижување на бездомници, во случај на екстремно ниски температури.

Контејнерите се обезбедени со греење, светло, кревети, кебиња и перници. Капацитетот е за 4 лица или во привременото прифатилиште во Струмица можат да се сместат до 8 лица.

Директорот на меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Струмица, Зоран Манев, вели дека во Струмица има само еден регистриран како бездомник, но сепак вели дека заедно со Црвениот крст се подготвени доколку се појават вакви наши граѓани да им излезат во пресрет, во овој зимски период кога ниските температури значително ги отежнуваат условите за живот.