Во четврток прекин на електричната енергија од 9 до 15 часот

05 Декември 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток, 7 декември, во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија и тоа:

Ресторан „Македонска куќа“, Попчево, Раборци и викендици кај Раборци, репетитор и погон Елас, стрелиште кај Попчево, комплекс „Цареви кули“, Триводи, Орманли, Белотино, објекти на брана Водоча, Мемешли и Рудник за неметали „Огражден“, станицата на ЈПЕД „Струмица Гас, Рич, каменолом на „Жикол“ и Костурино.