Започна пријавувањето за Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, „Василево 2017-2018“

05 Декември 2017

Започна пријавувањето за Новогодишно-божиќниот турнир во мал фудбал, што по повод Новогодишно-Божиќните празници се одржува секоја година во Василево.

Пријавувањето ќе трае до 16 декември, до 16:00 часот. Ждребувањето ќе се одржи истиот ден во 17:00 часот во просториите на Спортската сала во Василево.

Котизацијата за учество е 5.000 денари за сениори и 3.000 денари за кадети.

Според правилата за учество, екипите треба да бројат од 6 до максимум 10 играчи од кои најмногу двајца професионалци.

Турнирот ќе започне на 17 декември.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево со почеток од 18:00 часот.

Вкупниот награден фонд изнесува 200.000 денари.

Заинтересираните екипи своето учество може да го пријават на телефонскиот број: 077/531-592.