Големата ЕКО акција ќе се спроведува секоја среда и недела

04 Декември 2017

Големата еколошка акција, која ја најави градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, од 6-ти до 24-ти декември, ќе се реализира секоја среда и недела во периодот од 07:00 до 16:00 часот.

Како што информираше директорот на ЈПКД „Комуналец““, Зоран Ѓоргиев, на 6-ти и 10-ти декември ќе бидат опфатени населбите Чифлик и Карпош, како и чистење на дивата депонија на патот Струмица - населено место Баница. На 13-ти и 17-ти декември од 07:00 до 16:00 часот ќе се врши генерално чистење на реон 1 или каде што отпадот се собира понеделник и четврток. На 20-ти и 24-ти декември ќе се врши генерално чистење на реон 2 или каде што отпадот се собира вторник и петок.

„Покрај чистење на реоните ќе биде извршено и чистење на дивите депонии, како што се на улица „Климент Охридски“, на излезот од Струмица кон комплексот „Македонска куќа“, на патниот правец Струмица - Градско Балдовци и дивата депонија на улица „Антон Панов“ - информираше директорот на ЈПКД „Комуналец, Зоран Ѓоргиев.