Утре во Струмица регионален Форум „Рудници - ДА или НЕ“

04 Декември 2017

Во организација на Цивика Мобилитас, утре во Струмица ќе се одржи регионален Форум на тема „„Рудници - ДА или НЕ“.

Дискусијата ќе се фокусира на актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање на рудници.

На форумот се планира да говорат, градоначалниците на општините Валандово, Перо Костадинов, на Босилово, Зоран Зимбаков, на Гевгелија, Сашко Поцков и на општина Богданци, Блаже Шапов, раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова, претставници од министерството за економија и министерството за животна средина и просторно планирање, како и претставници на иницијативата „Југоисток против рудниците“.

Регионалниот Форум (вторник, 5 декември), ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13:00 часот.