Обилните дождови срушија потпорен ѕид на „Првомајска“

03 Декември 2017

Обилните врнежи кои изминативе денови ја зафатија општина Струмица предизвика проблеми на улицата „Првомајска“, во горниот дел на градот.

Имено, урнат е потпорниот ѕид на оваа улица, а веднаш по алармот од граѓаните на местото излезе градоначалникот Коста Јаневски, директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев и раководители во ова јавно претпријатие.

Градоначалникот Јаневски се информираше за настанатата штета и им вети на граѓаните дека уште утре, доколку дозволат временските услови, ќе почне санацијата на потпорниот ѕид.

Утрово, после 08:30 часот Струмица ја зафатија обилни врнежи од дожд кои интензивно траеја околу еден час. Од Центарот за управување со кризи велат дека нема пријави на некои посериозни проблеми од врнежите во Струмичкиот регион, нема пријави од граѓаните и институциите. Единствено до општината имаше пријава само за поплавување на ниви кај Габрово.

Во изминатите 84 часа, до 07:00 часот, во Струмица наврнале вкупно 42 литри на метар квадратен.