Зорица Заева: Местото на жената не е во кујната

02 Декември 2017

„Местото на жената не е во кујната. Не постои во овој свет место на жените или место на мажите. Сите сме еднакви. Не постојат права на жени, туку човекови права и овде сите сме еднакви. Можеме да ставиме крај на начинот на размислување и традицијата кои го поттикнуваат или игнорираат или го толерираат глобалниот срам кој се нарекува насилство врз жените“ - истакна во свето обраќање Зорица Заева, покровител на денешната трибина на Организација на жени од Струмица „Заедно против насилство врз жените“, и повика на гласност и одлучност кога зборуваме за насилство врз жените.

На дебатата говореа министерката за труд и социјална политика, Мила Царевска, Јована Тренчевска од МТСП, д-р Ана Филипче, психијатар на Универзитетската клиника за психијатрија,  Д-р Елена Костова, национален технички координатор на СЗО за Република Македонија, адвокат Нетка Ковачева, Маја Иванова, виш инспектор по семејно насилство и малолетничка деликвенција при СВР Струмица и Викторија Јовановска, директорка на Клиниката за гинекологија.

Дебатата се организира со цел преку заедничко дејствување да се дојде до намалување или целосно елиминирање на родово базираното насилство.