Новата слаткарница на „Sugarland“ на плоштадот во Струмица

02 Декември 2017

Од сега ако сакате да пробате и да вкусите нешто квалитетно и уникатно, можете да ја посетите новата слаткарница на „Sugarland“ на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, како и на старата локација спроти Амфитеатарот во Градскиот парк.

„Sugarland“ е бренд на високо квалитетни десерти, торти и колачи. Tортите и колачите се прават со високо квалитетно вистинско белгиско чоколадо и не се користи маргарин.

„Sugarland“ подготвува десерти за сечиј вкус, па има и традиционални десерти како татлија, гриз алва, баклава и сутлиач, но и модернистички десерти како макаронс, сахер колач, чискеик, тирамису, американско колаче и многу други.

Во новата слаткарница на „Sugarland“, која се наоѓа на плоштадот, има и здрави и посни десерти без шеќер како чиа пудинзи со малина или банана, туфакија со јаболка и ореви и два вида здрави бомбици со урми и суви смокви.

Повелете посетете ги слаткарниците на „Sugarland“ и пробајте од највкусните десерти во градот.

ФОТОГАЛЕРИЈА