„ПОРАКА“ преку игра, изложба и подготвување слатки проиводи го одбележа денот на лицата со попреченост

02 Декември 2017

Преку изработка на ракотворби од рацете на млади со попреченост, сценски актерски изведби, музички настапи и подготвуање на слатки производи со „вештите жени“, членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица го одбележаа 3-ти декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Во полната сала на Домот на АРМ во Струмица, на оваа манифестација која беше и од хуманитарен карактер, младите од „ПОРАКА“ во соработка со ученици од струмичките основни училишта, на многу вешт и креативен начин се претставија како добри актери, во изработување на разновидни новогодишни украси, во подготовка на слатки производи, а на помош им беа и „вештите жени“ од Струмица.

Преку овој начин на одбележување, преку натпревар на членовите на „ПОРАКА“ Струмица во различни тимови, заедно со ученици и младинци без пречки во развојот, е да се подигне свеста кај пошироката јавност за можностите на лицата со попреченост во изработка на различни јадења, соработка, координација и тимска работа со нивни врсници без попречености, како и важноста од зајакнување на нивната положба во семејствата, како еднакви и рамноправни членови кои можат да ги искористат своите можности, капацитети и креативно дејствување во секојдневните домашни активности.

ФОТОГАЛЕРИЈА