Се поставува канализациона мрежа во населбата Струма која води кон гробиштата во Струмица

02 Декември 2017

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, започна со активности за поставување на канализациона мрежа во населбата „Струма“.

Станува збор за реонот кој се наоѓа од десната страна на патот што води од мостот на Светиилијскиот порој кон Градските гробишта во Струмица.

Со оваа ЈПКД „Комуналец“ ќе го реши повеќедеценискиот проблем на домаќинствата од населбата.

Градежните активности околу поставувањето и изведувањето на цефките, јавното претпријатие ќе ги заврши за петнаесеттина дена, а потоа следува приклучување на мрежата.