ФОТО: Од пет места тече во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица

01 Декември 2017

Поплава во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Според објавениот Фејсбук пост и фотографии на првиот човек на ова институција, Ванчо Ристов Патриков, кровот на Центарот за култура прокиснува од пет места на кои се поставени кофи. Од онаа што се гледа, подот кај влезната врата на големата сала е под вода, а вода има и на други локации во Центарот. Дел од вработените се дежурни за да спречаат поголеми штети од обилните врнежи.

„НУЦК Антон Панов Струмица во моментот. Тече од 5 места. Неодамна саниравме еден дел каде беше најкритично со сопствени сили и средства... Се покажа дека функционира и дека е можна санација“ - напиша на ФБ, директорот Ванчо Ристов Патриков.