Градоначалниците од Струмичкиот регион на Форумот „Децентрализацијата повторно во фокус“ во Струга

01 Декември 2017

Градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, Коста Јаневски, Марјан Јанев, Зоран Зимбаков и Боро Стојчев, учествуваат на Форумот „Децентрализацијата повторно во фокус“, кој што се одржува во Струга.

Форумот се одржува во организација на УНДП, во рамките на проектот „Подобрување на општинското управување“, финансиски поддржан од страна на Европската Унија, а присуствуваат градоначалници, претставници на министерството за локална самоуправа, ЕУ и УНДП.

Присутните ги поздрави и за значењето на децентрализацијата зборуваше претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Целта на Форумот е да се отвори дијалог меѓу централната и локалните власти во функција на подобрување на општинското управување.