Денеска прекин на електричната енергија во градот Струмица и неколку населени места

01 Декември 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека денеска (петок, 1 декември), ќе има прекин на електричната енергија, и тоа:

- од 08:55 до 15:30 часот: Костурино, Мемешли, Орманли, Дорломбос, Рудник „Огражден“ - погон Мемешли, викенд населба Раборци, „ЕЛАС“ Раборци.

- од 09:00 до 13:00 часот: дел од улицата „Панче Пешев“ во Струмица, булевар „Гоце Делчев“, Градска болница во Струмица (Детско одделение, Институт за јавно здравје).

- од 09:00 до 14:00 часот: Ново Владевци, Радичево, Сушево, Дукатино, кратко исклучување во Едрениково, Ташли баир и Врварица.