Премиерот Заев го пречека бугарскиот премиер Борисов во манастирот во Водоча

23 Ноември 2017

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со Митрополитот Струмички г. Наум, го пречекаа премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов во манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча.

На посетата премиерот Заев доби орден, Столен медал од прв ред, од редот на Светиот Македонски Крст, за особен придонес и залагање во севкупниот напредок и афирмација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

После средбата со Митрополитот Струмички, Наум, а пред меѓувладината седница, претседателите на двете влади се упатија кон споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски да оддадат почит со свечено положување свежо цвеќе.