Жена нападнала 80-годишна баба на улица во Струмица

22 Ноември 2017

Синоќа околу 21:30 часот на улицата „24-ти Октомври“ во Струмица, непознато женско лице од зад грб ја нападнала 80-годишната Р.М. од Струмица, која се движела по улицата.

При физичкиот напад, непознатото лице и ја одзело чантата и го напуштило местото на настанот. Старицата почнала да вика за помош и неколку малолетни лица успеале да ја сопрат сторителката да влезе во такси возило, кое било паркирано во близина, по што и ја зеле чантата и ја вратиле на оштетената.

Сторителката која имала оставено бебе во такси возилото, го зела детето и го напуштила местото на настанот.

Оштетената забележала дека од чантата и недостасува паричникот, а од нападот се здобила со повреди, по што била пренесена во Струмичката болница, каде и била констатирана тешка телесна повреда.

Полицијата превзема мерки за откривање на жената напаѓач.