Кривична пријава за струмичанец за поседување и тргување со наркотични средства

22 Ноември 2017

Секторот за внатрешни работи - Струмица до Основното јавно обвинителство - Струмица, поднесе кривична пријава против З.Б (52 години) од Струмица, поради постоење на основано соменение дека сторил кривично дело - „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено во член 215 од КЗ  на Република Македонија - информираше на денешната прес конференција, Хризантема Рендевска од СВР Струмица.

Имено, на 30-ти октомври 2016 година од страна на  гранична полиција во реонот на  граничен камен 12, поточно кај м.в „Војничка чешма“, пронајдена е опојна дрога марихуна во количина од околу 21 килограм.

Од страна на СВР Струмица превеземни се мерки и активности во насока на утврдување и идентификување на сторителот кој критичната вечер имал намера опојната дрога да ја криумчари, како и на идентификување на организарите на овој кривично правен настан.

Од превземените мерки и активности од страна на СВР Струмица обезбеди се материјални докази за инволвираноста на пријавениот во кривично-правниот настан.

Како што информираше Рендевска, вчера (21 ноември) по претходно добиена наредба од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица, извршен е претрес на дом и други простории каде што живее пријавениот. При претресот се пронајдени непозната бела прашкаста материја со маса од околу 19 грама и непозната растителна материја со маса од околу 25 грама, кои се дадени на дополнително вештачење, како и 16.200 денари, 4.055 евра, 120 швајцарски франци, 65 турски лири, 1000 унгарски форинти и 20 полски злоти, мобилни телефони и дигитална вага.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и со материјалните докази доставена  во ОЈО-Струмица.