„Разнопромет АС“ петта година со „Брамак“ награда за најдобар партнер во Македонија

17 Ноември 2017

Австрискиот бренд „Брамак“ - светски познатиот производител на керамиди, повторно ја награди Струмичката компанија „Разнопромет АС“ за најдобар трговски промотор на балканските простори.

Станува збор за признание кој БРАМАК традиционално секоја година ги доделува на своите партнери, со што ја зајакнува својата трговска мрежа во југоисточна Европа.

„Разнопромет АС со години ги презентира производите на „Брамак“ на македонскиот пазар и преку ова компанија успеваме да го докажеме нашиот квалитет кај македонските потрошувачи“ - велат од австриски „Брамак“ на вечерашното доделување на наградите во хотел „Рила“ во Боровец, Бугарија.

Ова е петта година по ред како „Разнопромет АС“ од Струмица го добива ова признание од австриската компанија, а ја прими сопственикот Никола Трајков.

„Оваа признание е дополнителен мотив за унапредување на соработката со „Брамак“ чии производи на големо влегоа во македонското градежништво, а голем број домаќинства веќе ги чуствуваат бенефитите од квалитетот на производите на оваа компанија во Македонија“ - ни рече Трајков по примањето на признанието.

„Брамак“ е производител на керамиди со 30-годишна гаранција и на македонскиот пазар се позиционираа како квалитетни керамиди со пристапни цени, а преку дистрибутивната мрежа на „Разнопромет АС“ ги има речиси во секој магацин за градежни материјали во Македонија.