Четири златни медали во САД за тимот на Струмичката гимназија

17 Ноември 2017

Учениците Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова под менторство на професорките Верица Јанкова и Натка Јанкова од СОУ „Јане Сандански“ се вратија од ЈЕИЛ Универзитетот во Соединетите Американски Држави со четири златни медали од финалниот натпревар по англиски јазик.

Поради големиот успех што овој тим го постигна на овој финален натпревар, а претходно постигнувајќи одлични резултати на прелиминарниот натпревар во Дубаи и полуфиналниот во Атина, на 11 и 12 април 2018 година, Струмица ќе биде домаќин на Светскиот ученички Куп, едукативен настан со натпреварувачки карактер кој обединува ученици од целиот свет. Самиот натпревар се одвива во три круга, а во Струмица би требало да биде првата регионална селекција на ученици.