Александра Јанева разиграна во новото видео за Бам бам

17 Ноември 2017

Поп-пејачката Александра Јанева од Струмица, препознатлива по својот моќен вокал и фестивалски евергрин рефрени направи целосна трансформација за новата песна „Бам бам“.

Проектот е соработка со авторското дуо Марко Маринковиќ - Слаткаристика (музика и текст) и Иван Јованов (аранжман).

„Направивме фраерски проект“, прокоментира пејачката на својот Фејсбук профил за првата соработка со докажаните автори.

Ова е трет сингл за струмичанката во 2017-та, по пауза од шест месеци од преработката на „Зошто баш ти“.

Очигледно добро ја искористила паузата за на публиката да и покаже уште еден свој талент – танцувањето.

Во урбаниот видео-спот таа е разиграна во друштво со Деа Антевска, Панче Димов и Бане Тодоровски од танцовите студија One Way и Break a leg.

Видео-записот за нејзиниот нов сингл „Бам бам“, имаше онлајн промоција на бугарско-германскиот youtube канал Facing the sun.