„Лотус-М“ со огромен салон за детски играчки и бебешка опрема

16 Ноември 2017

Компанијата „Лотус-М“ од Струмица ја прошири својата дистрибутивна продажна мрежа со отворање на еден од најголемите салони за продажба на детски играчки и бебешка опрема.

Салонот се наоѓа на стариот пат од Струмица кон Василево и на површина од 600 метри квадратни нуди огромен асортиман на играчки и опрема за најмалите деца и бебиња.

На располагање се над 1000 производи кои ќе се во функција, како што велат од „Лотус-М“, на безгрижно детство, но и на правилниот детски развој.

Во специјализираниот салон на „Лотус-М“ може да се најдат производи на голем број брендови од детски креветчиња, постелнина во разни дезени, колички за бебиња, седишта, проодувалки, транспортери за бебиња, релаксатори, хранилки и многу други елементи кои ќе бидат олеснување и за бебињата и за родителите.

Паралелно во „Лотус-М“ може да се најдат разновидни играчки на батерии, музички, логички, рекреативни играчки кои ја потикнуваат моториката на дечињата и желбата за игра во функција на нивниот правилен раст.

Асортиманот во „Лотус-М“ е со најниски цени не само во регионот, туку и пошироко, а по повод отворањето на новиот салон за сите посетители има огромни изненадувања и попусти.

ФОТОГАЛЕРИЈА од отворањето