Струмичката естрада запеја за да му помогне на Никола

15 Ноември 2017

Струмичката естрада во организација на Младинскиот Совет на општина Струмица, синоќа одржаа хуманитарен концерт за собирање финансиски средства за продолжување на лекувањето во Русија на 32-годишниот Никола Новоселски од Муртино.

Иако струмичани не ја исполнија салата во НУЦК „Антон Панов“, како што обично го прават тоа за хуманитарни настани, сепак голем број се вклучија во помошта за Никола, освен со купување влезница и со донирање во кутијата за донација поставена пред влезот.

Кон хуманоста се приклучија и четирите градоначалници од Струмичкиот регион, на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, со купување влезница и дополнително донирани средства.

Организаторите се задоволни од собраните средства, велејќи дека и овој пат, како и во многу други хуманитарни акции, струмичани ја покажаа својата хуманост. А пејачите со задоволство и широко срце запееја на сцената за Никола Новоселски.

ФОТОГАЛЕРИЈА