Новите Volkswagen Arteon и Polo во салонот „АБ Ауто“ во Струмица

10 Ноември 2017

Најновите модели на Volkswagen, Arteon и Polo, кои неодамна имаа своја промоција на македонскиот пазар, одсега може да се видат и во овластениот продажен салон „АБ Ауто“ во Струмица.

Станува збор за најновите модели на германскиот концерн, кои ги освоија вкусовите на голем број европски граѓани со својот дизајн, квалитет, безбедност и потрошувачка, а првиот Arteon се продаде во Струмица.

Arteon ќе се нуди во три изведби – Arteon, Arteon Elegance и Arteon R-Line. Ова значи дека се нуди интересен избор за купувачите, оние кои сакаат порафиниран, поцивилизиран изглед ќе можат да го изберат привлечниот Elegance, додека оние кои сакаат подинамичен, поспортски лик секако ќе го изберат атлетскиот Arteon R-Line.

Паралелно во „АБ Ауто“ салонот во Струмица може да се види и новиот модел на Polo - семеен автомобил кој има ограничувач на максималната брзина во градски средини. Polo го карактеризира препознатлив, но освежен дизајн, а просторната понуда би требало да е на самиот врв на класата. Всушност, тоа е најнапредниот мал автомобил на патиштата.

Со оглед на високиот квалитет споен со последниот збор на автомобилската технологија, но и пристапните цени, овие два автомобили се очекува да станат хит на македонскиот пазар.

Инаку, во овластениот продажен салон „АБ Ауто“ во Струмица, кој се наоѓа спроти „Жито Струмица“, на улицата „Гоце Делчев“ број 107, освен овие два модели може да видите и други од семејството Volkswagen и да закажете тест возење со нив.