Одбојкарите на Струмица со втора победа во третата пресметка од плеј-офот со „Штип УГД“ за освојување на Шампионската титула. 3:1 беше резултатот во спортската сала „Парк“ (25:18, 15:25, 25:17, 25:15). Четвртиот натпревар е во четврток во Штип. Ако ОК „Струмица“ го добие и овој натпревар ќе значи уште едно освојување на шампионскиот пехар, ако пак „Штип УГД“ израмни на 2:2 тогаш ќе се игра „мајсторка“ во Струмица која ќе одлучува кој ќе ја освои Шампионската титула.