Сениорскиот тим на Кошаркарскиот клуб „Струмица“ попладнево го одигра третиот натпревар од новата сезона на Втората лига. Тимот на „Струмица“ во спортската сала на СОУ „Никола Карев“ беше домаќин на КК „Шкупи“ од Скопје, кој успешно беше надигран од младите струмичани со краен резултат од 84:51.
На денешната средба шанси да се докажат имаа сите млади кошаркари во струмичкиот тим. Најефикасен беше Димитриев со 14 погодоци, а веднаш зад него е Георгиев со 13 кошеви и Николов со 11, Божинов и Пиперевалиев постигнаа по 10 погодоци, Абрашев и Пелтековски 8, Динев 6, а Ахтаров и Вучков 2.
Сезонава тимот на „Струмица“ е најмлад во Втората лига со просек од 18,3 години. По своето реформирање струмичкиот тим ја започна оваа сезона со домашна победа над „Куманово“ од 67:63, но беше поразен во второто коло на гости од велешки „Борец“. Наредното коло струмичките кошаркари ќе ѝ гостуваат на „Риниа“ во Куманово.
.
.
Дек 11, 2019 Вести
Тимот на Јувентус до 19 години изминатите месеци учествува на Младинската лига на УЕФА, а во екипата на „старата дама“ игра и Никола Секулов, по потек...
Дек 11, 2019 Вести
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, традиционално на празникот на градот, Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, го организираше з...
Дек 11, 2019 Веб Билборд
Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува: фризер/ка, шминкер/ка и девојка за надградба на нокти со работно искуство. Огласот важи за сите кои им...
Дек 11, 2019 Веб Билборд
Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка. Подетални информации на: 071/239-003 или на Фејсбук линкот во пораки >>>...
Дек 11, 2019 Вести
Наградата за животно дело на општина Струмица, по повод празникот на градот Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ја доби естрадниот уметн...
Дек 11, 2019 Вести
Од синоќа во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, познатиот струмички фотограф, Сречко Гунчев постави изложба на негови 40 фотогр...
Дек 11, 2019 Настани
Вечерва од 18:00 часот во Спортската сала „Парк“ во Струмица, по повод празникот на градот Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици...
Дек 11, 2019 Вести
Доцна попладне вчера во 18:15 часот на улицата „Братство Единство“ во Струмица, патничко возило „Пежо 307“, со струмички регистарски ознаки, управуван...