Пред струмичките спортски работници презентиран „ваучерски систем“ за поддршка на спортот

Понеделник, 24 Декември 2018

Во новата 2019-та година Владата на Република Македонија обезбедува 6 милиони евра за поддршка на спортот преку таканаречен „ваучерски систем“, а ќе можат да го користат спортските федерации, спортските клубови и индивидуални спортисти.

На денешната презентација на „ваучерскиот систем“ пред спортските работници од Струмица, Даниел Димевски, советник за спорт на премиерот Зоран Заев, истакна дека овој систем ќе овозможи производство на домашни квалитетни спортисти.

Струмица како исклучителен спортски град ќе има бенефит од сето тоа. Мислам дека ваучерскиот систем е една одлична база за развојот на спортот конкретно насочен кон производство на домашни квалитетни спортисти што беше досега занемарено“ - вели Димевски.

Сашко Поповски од Македонскиот Олимписки комитет ги презентираше критериумите за распределба на државните средства, но и како да аплицираат клубовите за државната поддршка, веднаш по Новогодишните празници, односно од 2 јануари 2019-та година.

Шесте милиони евра директно ќе се трансферираат во македонскиот спорт, преку федерациите, клубовите и индивидуалните спротисти.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се фрлија два крста во осветената вода на базенот „Аквариус“

Во Струмица се фрлија два крста во осветената вода на базено…

Јан 19, 2019 Вести

Традиционално напладне во осветената вода на базенот „Аквариус“ во Струмица, во присуство на голем број струмичани од страна на отец Димитар Крцев од ...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2019 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос вовод...

За првпат во Струмица деца со попреченост ќе можат да тренираат одбојка

За првпат во Струмица деца со попреченост ќе можат да тренир…

Јан 18, 2019 Вести

Одбојкарскиот клуб „Наковски Волеј“ од Струмица доби Сертификат од Специјалната Олимпијада на Македонија за работа со лица со интелектуална попреченос...

Тренерот Раде Цицмиловиќ се враќа во „Беласица“

Тренерот Раде Цицмиловиќ се враќа во „Беласица“

Јан 18, 2019 Спорт

Раде Цицмиловиќ се враќа на кормилото на „Беласица“ откако на стартот на сезоната беше заменет со Марјан Живковиќ, кои заради слаби резултати беше пак...

На Водици, Светиот крст ќе биде спуштен во базенот „Аквариус“

На Водици, Светиот крст ќе биде спуштен во базенот „Аквариус…

Јан 18, 2019 Вести

Утре 19-ти јануари - Богојавление во 12:00 часот Светиот крст ќе биде спуштен во осветените води на Градски базен „Аквариус“ во Струмица. Со чинот на...

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ центар во Струмица

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ цента…

Јан 16, 2019 Магазин

Светски познатата компанија за производство на напредна медицинска опрема „Nuga Medical“ од Сеул, Јужна Кореја, синоќа во Струмица отвори Центар за зд...

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ во Струмица

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ в…

Јан 16, 2019 Вести

Заврши поставувањето на нова термичка фасада на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица. Овој проект е реализиран од Агенцијата на СА...

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Јан 16, 2019 Вести

Кабелскиот бренд „Телекабел“ од вчера, на 22-годишнината од своето постоење и официјално станува нов мобилен оператор. Со ова „Телекабел“ го заокружи ...