Струмичкиот прволигаш Беласица преку Фејсбук објава соопшти дека ја прекинува соработката со шефот на стручниот штаб Марјан Живковиќ поради слабите резултати во полусезоната на Првата МФЛ.
Веста доаѓа по денешниот загубен натпревар во Кратово против ФК Силекс со 1:0, деветта по ред загуба за Беласица во првата полусезона од вкупните 18 натпревари.
Србинот Живковиќ дојде на чело на стручниот штаб на сино-белите пред самиот почеток на сезоната 2018/2019, по напуштањето на функцијата од Раде Цицмиловиќ поради непоседување на Про УЕФА диплома.
Беласица во моментов е последна на табелата во ПМФЛ, а оваа сезона успеа да добие само 4 натпревари, 5 ги заврши нерешено, а на 9 натпревари доби пораз.
Претседателот на Беласица Славчо Васков, како што пренесува ТВ Канал ВИС, истакнал дека тој ќе го предводи тимот на реваншот со Силекс во Купот во среда.
.
.
Фев 23, 2019 Спорт
Моќните момци на ОК „Џио Струмица“ продолжуваат да бидат неприкосновени во својата игра. И денеска на свој терен славеа уште една победа над една од н...
Фев 22, 2019 Магазин
Оркестарот на Џамбо Агушев повторно избран за најпопуларен оркестар за изминатата 2018-та година на 22-то издание на мега-популарната манифестација „З...
Фев 22, 2019 Вести
Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, заедно со директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев, денеска беа во Дабиле и Просениково каде...
Фев 22, 2019 Вести
Утре во Спортската сала „Партизан“ во Струмица, одбојкарите на „Џио Струмица“ ќе бидат домаќини на одбојкарите на „Универзитет Тетово“, тим кој по есе...
Фев 22, 2019 Вести
Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино денеска од пред споменикот „Македонија“ во големиот Градски парк во Струмица, го започн...
Фев 21, 2019 Вести
Во недела двата Струмички прволигашки клубови „Беласица“ и „Академија Пандев“ повторно ќе се соочат, овој пат на на стадионот „Младост“ во Струмица со...
Фев 21, 2019 Вести
Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино утре (петок, 22 февруари), од пред споменикот „Македонија“ поставен во големиот Градски...
Фев 21, 2019 Вести
Во просториите на на Домот на АРМ во Струмица се одржа четвртата Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ на Фондот за иновации...