Ајдуците револтирани на Академија Пандев

Вторник, 30 Октомври 2018

Навивачката група која ја бодри струмичка Беласица, Ајдуци вечерва испрати соопштение за последните случувања околу дерби натпреварот помеѓу струмичките прволигаши Академија Пандев и Беласица, кој се одигра во недела.

Нивното гостување на стадионот „Кукуш“ во Турново неколку дена пред натпреварот беше забрането од страна на управата на ФК Академија Пандев поради безбедносни причини, за што тие реагираат дека нема никаква оправдлвива причина.

Интегрален текст од соопштението:

„Навивачката група Ајдуци се реши да излезе со свое соопштение по повод забраната која ни беше доделена од страна на раководството на ФК Академија Пандев за натпреварот кој се одигра на стадионот Кукуш во Турново.

Сеуште сме изненадени од оваа одлука која не само што не е спортска туку нема никаков оправден мотив да се случи.
Многу навивачи гостуваа против Академија Пандев во Турново без никаков проблем, додека за нас како локална група се решија се со цел да наштетат на Беласица да не ни дозволат влез на трибина.

Дали господата од Академијата заборавија со кој ја водеа борбата за силна Беласица во 2011 година, дали заборавивте кој му испраќаше писма со поддршка на неговото гостување на ТВ Канал ВИС, дали Пандев заборави како беше пречекан кога освои титула во ЛШ, успех кој е негов личен, дали Пандев заборави дека е единствен играч во Македонија за кој е извадена парола со предзнакот гордост, нешто за кое нема ниту за еден друг играч во Македонија. Оваа одлука е насочена исклучиво против групата, истата група која беше и единствена поддршка на Горан Пандев во неговата одлука за напуштање на репрезентација кога беше ставен на столбот на срамот од сите медиуми и само ние му дадовме јавно и пред ТВ Камери поддршка со парола на стадионот, и во директно ТВ соочување во живо спротиставувајќи се на неговите противници денес сојузници во битката против Беласица, група која го оранизира протестот „СТРУМИЦА САКА СИЛНА БЕЛАСИЦА“, во неговиот обид да ја превзема Беласица во тој временски период.

Како што сме напишале многу пати, управите се менуваат, играчите заминуваат, само најверните остануваат, а оваа одлука беше насочена исклучиво против Беласица како клуб и нејзините навивачи, во обидот на новоформиран клуб да гради „ривалство" со гордоста на градот. Управата на Беласица утре може да биде предводена од други луге, но зборовите упатени кон Беласица од страна на Академија Пандев никогаш нема да можат да се повлечат, срамот останува засекогаш!

Исмевањето на името Беласица многу пати беше дел од вокабуларот на Академија Пандев, но ова веќе ги надмина сите граници на нормално однесување, со што господата покажуваат комплекс и невидена омраза кон клубот кој од нив направи луѓе.
Дали Ајдуци се поопасни за љубителите на фудбалот во Струмица од десетици групи кои гостувале на овој стадион, дали Ајдуци би правеле инцидент против своите сограѓани и другари???

Сигурно господата виделе во Италија дека ултрасите се срцето на фудбалот и наместо тие да ја развиваат оваа субкултура во нашиот град, тие сакаат да ја уништат. Се одиграа 3 меѓусебни натпревари, но од страна на Ајдуци ниту еднаш не беше испратена лоша порака кон Академија Пандев.

За крај да ве потсетиме, лебот кој денес го јадете и реномето кое го поседувате како спортски работници го должите исклучиво на Беласица, бидејќи ако не беше таа вие ќе бевте никој и ништо, една обична нула“ - стои во соопштението на Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во градот

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во гра…

Мај 21, 2019 Вести

За зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ја обновува хоризонталната сигнализација в...

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни води прерасна во бајка од сликовниците

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни …

Мај 20, 2019 Вести

Пречистителната станица за отпадни води кај Сачево, во близина на Струмица, од денеска изгледа како бајка од сликовниците. Животински свет, куќички во...

Гореше „Мерцедес“ и барака на „Фриком“ во Струмица

Гореше „Мерцедес“ и барака на „Фриком“ во Струмица

Мај 20, 2019 Вести

Во саботата вечер околу 21:45 часот избувнал пожар во дворно место на „Терзи Компани“ на улица „Гоце Делчев“ во Струмица. Опожарени биле автомобил мар...

Струмичките одбојкари го добија првиот натпревар со Шутова за освојување на Шампионската титула

Струмичките одбојкари го добија првиот натпревар со Шутова з…

Мај 20, 2019 Вести

Вечерва во Кичево, ОК „ЏИО Струмица“ со победа го стартуваше првиот натпревар во разигрувањето за шампионската титула со екипата на ОК „Шутова“ со рез...

Со почесен круг и вклучени сирени, показна вежба со нова опрема ТППЕ од Струмица го одбележа Денот на пожарникарите

Со почесен круг и вклучени сирени, показна вежба со нова опр…

Мај 20, 2019 Вести

Со почесен круг и вклучени сирени низ улиците на Струмица, демострација на показна вежба со нова опрема за побрзо извлекување на заглавени во возило п...

Жител на Зубово се повредил додека работел во „пластеник“, се откачила метална шипка

Жител на Зубово се повредил додека работел во „пластеник“, с…

Мај 19, 2019 Вести

Б.К. (66) од село Зубово, струмичко, вчера починал работејќи со трактор на нивата. Додека работел под пластеници со трактор, една метална шипка од пл...

„Малиот пекар“ вработува

„Малиот пекар“ вработува

Мај 19, 2019 Веб Билборд

Компанијата „ТОП БРЕНД“ (Малиот Пекар) од Струмица има потреба од три работнички за во прва смена за следните работни места: Една работничка за раб...

Беласица следната сезона се враќа во Втората лига, „романтичарите“ им ги уништија надежите

Беласица следната сезона се враќа во Втората лига, „романтич…

Мај 19, 2019 Вести

ФК „Беласица“ следната сезона ќе се врати во Втората фудбалска лига. На стадионот „Младост“ во Струмица, струмичките сино-бели не успееја да извлечат ...