Струмичко дерби: Забрането гостување на Ајдуците

Петок, 26 Октомври 2018

Струмичкото дерби кое треба да се игра во недела на стадионот во Турново нема да го красат навивачките песни. ФК „Академија Пандев“ денеска соопшти дека поради безбедносни причини навивачката група на ФК „Беласица“, Ајдуците нема да може да го бодрат својот клуб.

Причината е поради тоа што стадионот „Кукуш“ во Турново има само една трибина, на која нема обезбедено посебно ограден дел за гостински навивачи, а за овој натпревар очекуваме и поголема посетеност. Па затоа во консултација со Комесарот за безбедност на ФК „Академија Пандев“, а најмногу поради безбедност на сите гледачи, решивме ова барање да го одбиеме“, стои во соопштението на ФК „Академија Пандев“.

Од ФК „Беласица“ реагираа дека одлуката е апсурдна и банална, затоа што во Турново доаѓале многу навивачки групи и немало никаква спротивставеност тие организирано да присуствуваат и да ги бодрат своите клубови.

Имајќи во предвид дека ФК „Академија Пандев“ нема своја навивачка група, оваа одлука е апсурдна и не е во рамките на спортскиот дух, но ФК „Беласица“ ќе ја почитува истата“, се додава во реакцијата на ФК „Беласица“.

Пред дербито „Беласица“ побара натпреварот да се игра на стадионот „Младост“ во Струмица под рефлектори, меѓутоа согласност на тоа од „Академија Пандев“ немаше.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од утре затоплување, температури до 15°C

Од утре затоплување, температури до 15°C

Фев 17, 2019 Вести

Утрово во Струмица измерени -4°C, најстудено било во Берово -7°C, а максимални 2°C се измерени во Дојран. Времето денеска ќе биде претежно сончево со...

Девојките на „Наковски Волеј“ ги надиграа битолчанките

Девојките на „Наковски Волеј“ ги надиграа битолчанките

Фев 16, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица доцна попладнево на домашен терен во спортската сала на „земјоделското“ ги надиграа одбојкарките на ОК „П...

Исчезната 17-годишна девојка од Баница, полицијата ја бара

Исчезната 17-годишна девојка од Баница, полицијата ја бара

Фев 16, 2019 Вести

Вчера околу 19:00 часот, 17-годишна девојка од селото Баница, кај Струмица се оддалечила од својот дом и не се вратила. Семејството ја барале, не ја п...

Министерот за земјоделство на работна средба со земјоделци од Струмичкиот регион

Министерот за земјоделство на работна средба со земјоделци о…

Фев 16, 2019 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во хотелот „Сириус“ во Струмица имаше работната средба со земјоделци...

Беласица ги промовираше петте засилувања, но и Хаџиевски како спортски директор

Беласица ги промовираше петте засилувања, но и Хаџиевски как…

Фев 15, 2019 Вести

Струмичка Беласица и официјално ги промовираше петте засилувања за пролетниот дел од сезоната, Душан Савиќ, Марио Маслаќ, Матеус Оливеира Да Силва, Ма...

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски утре на работен состанок со земјоделците од струмичко

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски утре на работен …

Фев 15, 2019 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, директорот на Агенцијат...

Филип Трајановски е нов играч на ФК „Академија Пандев“

Филип Трајановски е нов играч на ФК „Академија Пандев“

Фев 15, 2019 Вести

Филип Трајановски е нов играч на ФК „Академија Пандев“. 19-годишниот централен дефанзивец и член на младинската репрезентација на Македонија ја засилу...

Се поставува ново улично осветлување низ улицата „Младинска“

Се поставува ново улично осветлување низ улицата „Младинска“

Фев 15, 2019 Вести

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ започна со градежните активностите за поставување на ново улично осветлување на улицата „Младинска“ во гр...