Река од народ се прости од фудбалската легенда Благој Истатов

Петок, 28 Септември 2018

Во чест на Благој Истатов, фудбалската легенда од Струмица, кој почина вчера во 71-та година од својот живот, денеска во Центарот за култура во Струмица се одржа Комеморативна седница.

Во присуство на сопругата Љупка, децата Боркица, Боро и Мишел со своите семејства, градоначалникот на Струмица и членови на Советот, претставници на Владата на Република Македонија, Фудбалската Федерација на Македонија, поранешни и сегашни спортисти, пријатели, за Благоја говореа поранешниот фудбалер и другар Томе Семенков, Васил Тупурковски, претседател на Македонскиот олимписки комитет, спортскиот новинар Бошко Трпески, Ѓоко Хаџиевски и претседателот на ФК „Беласица“, Славчо Васков – Пинда.

Благој одбрани стотици пенали, илјадници шутеви за Беласица, Победа, Партизан, Утрехт. Тој вечно ќе живее, бидејќи беше голем и опасен голман, полн со професионализам од една страна, но и со емоции и љубов од друга страна, иако така не изгледаше“ - рече Томе Семенков.

Кого и да прашате во Македонија, Гостивар, Крива Паланка или во Дебар, за Истатов, ќе ви одговори кој е тој, бидејќи цел живот беше активен во спортот. Тој беше фудбалска, тренерска и угостителска ѕвезда. Нема фудбалер кој не го знае овде, во Србија и во Холандија“ - рече Ѓоко Хаџиевски за Истатов.

Тој беше извонреден спортист и спортски ас. Нашите срца се хранат кога ќе кажеме дека некој од Македонија бил спортски ас на светската спортска сцена. Денеска тоа е многу ретко, а порано беше повозможно и затоа живееме со идеа дека ќе се роди некој нов што ќе го направи тоа што го направи Благој низ сите спортски меридијани“ - рече претседателот на МОК, Васил Тупурковски.

Денеска Благој Истатов во вечното почивалиште на Струмичките гробишта од голем број народ беше испратен со долготраен и громогласен аплауз.

Благој Истатов е роден во 1947 година. Својата фудбалска кариера ја започнува во 1963 година во ФК „Беласица“, а во 1965 со младицните го освои Купот на Југославија. По „Беласица“ заминува во прилепска „Победа“, каде одигра 210 натпревари. Во 1973 заигра за белградски „Партизан“, каде настапуваше три сезони, а потоа две години бранеше и за холандски „Утрехт“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Мај 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на Ковид-19. По градови, во Скопје 24, во Куманово и Штип 4, Во Тет...

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи парите ќе ги добијат до 3 јули, а треба да ги потрошат до 31 јули

Корисниците на платежните картички за купување на македонски…

Мај 28, 2020 Вести

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9...

Прекинато е водоснабдувањето во реонот кај транзитниот пат

Прекинато е водоснабдувањето во реонот кај транзитниот пат

Мај 28, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека денеска (четврток, 28 мај), до 13.00 часот, поради изведба на водоводната мрежа без водоснабдување ќе би...

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ-МАКС“ собрани 40 единици крв

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ…

Мај 27, 2020 Вести

Денеска во Службата за трансфузиона медицина во Струмица се организираше крводарителска акција под покровителство на Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ о...

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време до 22:00 часот, на маса по двајца, четворица ако се семејство

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време …

Мај 27, 2020 Вести

Од утре, четврток, 28 мај може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси)...

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени пациенти

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени …

Мај 27, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа тројца пациенти со Ковид-19 починале. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни ...

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица за дополнителни 7 километри

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Стру…

Мај 27, 2020 Вести

Деновиве започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица во должина од 7 километри, во рамките на проектот за подобрување...

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат угостителските објекти

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат …

Мај 26, 2020 Вести

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека од утре, среда, 27 мај се укинува полицискиот час во државата, а угостителските објекти од четврток, 28 мај ќе...