Почина фудбалската легенда Благој Истатов

Четврток, 27 Септември 2018

Денеска во 71-та година од животот почина Благој Истатов, еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња. Струмичкиот и македонскиот фудбал загубија големо фудбалско име. Еден голем човек, кој во својата голманска кариера настапувал за екипите на Беласица од Струмица, Победа од Прилеп, но и белградски Партизан и холандски Утрехт.

Истатов е едно од најлегендарните имиња кое остави силна трага во македонскиот фудбал. Роден е на 5-ти април 1947 година во Струмица. Од најмала возраст почнува со фудбалот во својот роден град, притоа одбирајќи ја голманската позиција. Својата играчка кариера ја почна во Беласица, беше дел и од прилепска Победа, но најславните свои фудбалски денови ги имаше во дресот на белградски Партизан, преку кој стигна и до дресот на репрезентацијата на поранешна СФРЈ. Последните две години од активната кариера од 1976 до 1978 година ги мина во холандски Утрехт.

По крајот на играчката кариера беше тренер на Беласица и повеќе домашни клубови, а беше и дел од стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација. Изминативе години и натаму беше активен во фудбалскиот живот како член на УО на ФФМ, но и преку еден од најдобрите домашни спортски комплекси во Дојран, кој е подготвителен центар за голем број фудбалски екипи.

Посмртните останки на Благој Истатов ќе бидат изложени утре (петок), од 12:00 до 14:00 часот во Градската капела во Струмица, а погребот ќе се изврши во 14:00 часот на Градските гробишта во Струмица. Претходно во 11:00 часот во Центарот за култура во Струмица ќе се одржи комеморација за Истатов.

ФОТОГАЛЕРИЈА со Благој Истатов од „Стара Струмица“

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Со мултимедијалниот настан „А се' што на дар добивте, на дар го дадовте“ почна празнувањето во Струмица за Светите Петнаесет

Со мултимедијалниот настан „А се' што на дар добивте, на дар…

Дек 09, 2019 Вести

Синоќа во прекрасниот амбиент на храмот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица се одржа мултимедијалниот настан „А се' што на да...

И годинава Ансамблот „Тримери“ со Годишен концерт за своите струмичани

И годинава Ансамблот „Тримери“ со Годишен концерт за своите …

Дек 09, 2019 Настани

Ансамблот за народни игри и ора „Тримери“ од Струмица во сабота (14 декември) од 19:00 часот во големата сала на Домот на АРМ, ќе го одржи традиционал...

Триесеттина наставници и професори ќе пеат на сцената во Центарот за култура

Триесеттина наставници и професори ќе пеат на сцената во Цен…

Дек 08, 2019 Вести

Струмичани ќе имат можност да ги видат струмичките наставници и професори од основните и средните училишта на големата сцена во Центарот за култура, к...

„Распеани струмичани“ ќе пеат во среда во чест на патрониот празник на градот Струмица

„Распеани струмичани“ ќе пеат во среда во чест на патрониот …

Дек 08, 2019 Настани

На денот на заштитниците на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи Годишн...

Сречко Гунчев ќе прави „ретроспектива“ на своите фотографии преку изложбата во вторник

Сречко Гунчев ќе прави „ретроспектива“ на своите фотографии …

Дек 08, 2019 Вести

Познатиот струмички фотограф Сречко Гунчев, во вторник (10 декември) во 20:30 часот ќе постави изложба на свои фотографии во фоајето на Центарот за ку...

Горан Пандев со феноменален лоб од 40 метри постигна гол за Џенова

Горан Пандев со феноменален лоб од 40 метри постигна гол за …

Дек 08, 2019 Вести

Капитенот на македонската репрезентација попладнево понуди егзотичен гол за присутните на стадионот во Лече откако во нападот на неговата екипа ја иск...

Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски го означија почетокот на новата Детска градинка во селото Муртино

Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски го означија почето…

Дек 08, 2019 Вести

Селото Муртино доби Детска градинка, на просторот на некогашната општинска зграда, кога постоеше општина Муртино. Капацитетот е за 26 деца од предучил...

Со Свети Климент започнува празнувањето на Светите Петнаесет

Со Свети Климент започнува празнувањето на Светите Петнаесет

Дек 08, 2019 Вести

Струмица на 11-ти декември празнува, го одбележува својот Патрон, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. По тој повод од денеска на празник...