Недела, 25 ноември | 12:00 часот | Центар за култура „Антон Панов“ Струмица

Во недела, (25 ноември), со почеток од 12:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, ќе биде изведена театарската претстава за деца „Дружината на Лајко Сезнајко“.

Влезот на претставата чини 100 денари, а парите од билетите ќе бидат донирани за лекување на 7-годишната Нина Димитриевска од Струмица.

Автор на претставата е Никола Сарајлија, а улогите ги играт: Јулија Милкова, Анкица Бенинова и Ванчо Василев. Режија: Јулија Милкова.

Недела, 2 декември | 16:00 часот | Хотел „Вила Парк“ Струмица

Пред една година имавме ревија, која ја организираше Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „ВЕРА“ од Струмица, каде нашите „мачиња колачиња“, (лицата со Даунов синдром и попреченост), се шетаа на модната писта со познати ликови од Македонија. Оваа година повторно на 2 декември...

25 модели, придружени со познати личности, но оваа година на сцената ќе бидат и другарчињата на нашите модели. Ќе ги бодрат, ќе се радуваат со нив и ќе „ѕенѕаат“ на музиката.

Модната ревија е од хуманитарен карактер. Ќе има кутија за донација, каде секој посетител во рамките на можностите ќе може да донира...

17-ти „Средби под јаворите - Видое Подгорец“ ќе се одржат на 16 и 17 ноември (петок и сабота), во Струмица и Колешино. Свеченото отворање е во петок во 18:30 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.

Младите момчиња на РК „Астраион“ од Струмица влегуваат со улогата на фаворити за освојување на нови бодови. Тие вечерва од 19:00 часот во Спортската сала „Парк“ се домаќини на „Македонија Ѓорче Петров“, а тоа е директен дуел за пласман во плеј-офот.

Недела, 4 ноември | 19:00 часот | Спортска сала „Парк“ | Влез слободен

Во недела над селото Смолари ќе се одржи традиционалниот Фестивал на Смоларскиот костен - „Смоларски костен 2018“, популарно познат како „Костенијада“...

Утре во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12:30 часот, Здружението за култура и развој на креативните индустрии Култ-Транзен од Струмица ќе го помовира Планот за развој на креативните индустрии на локално ниво и ќе даде осврт на исполнителноста на локалната стратегија за култура и препораки за итно исполнување на некои од активностите зацртани според Акцискиот план на локалната стратегија за култура 2017-2022 година, посебно во делот на развојот на креативните индустрии.

Оваа промоција е во рамките на проектот „Развој на креативната економија во општина Струмица“, регрантиран преку проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“, финансиски поддржан од Европската Унија имплементиран од Преда Плус и Arbeiter-Samariter-Bund.

Вечерва со почеток во 22:00 часот, во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал 2018“, покрај езерцето во големиот парк во Струмица ќе се одржи „Вечер на поезија“ со македонскиот поет, прозаист, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач, Лидија Димовска.

Катерина Панова Кожарова, Сузана Мицева и Мариета Дукиќ ќе читат дел од нејзиното богато творештво (Огнот на буквите, Изгризани нокти, Нобел против Нобел, Црно на бело)...

Промоција на монографијата „ОД ПОРТИТЕ НА ПЕКОЛОТ ДО ПАТОТ КОН НЕБИДНИЦАТА" од м-р Благој Стојанов. Монографијата го актуализира егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија за време на Балканските војни и Граѓанската војна во Грција, но, истовремено, преставува и своевиден историјат на Здружението на бежанците, бегалците и децата на бегалците „Незаборав" од Струмица.

Понеделник, 9 јули | 20:30 часот | НУЦК „Антон Панов“ Струмица

Во петок, 18 мај со почеток во 12:00 часот во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица ќе биде отворена обновената музејска поставка „Струмица и струмичко низ историјата“.

www.StrumicaNet.com е првиот информативен медиумски портал во струмичко кој почна со работа на 11.12.2009 година. Порталот е во сопственост на Радио СтрумицаНет ДООЕЛ Струмица чиј основач е Роберт Ѓоргиев.

Мисијата на www.StrumicaNet.com е да обезбеди точни, навремени и објективни информации преку текстови, фотографии и видео снимки од севкупното живеење во струмичкиот регион, водејќи се од највисоките етички и новинарски стандарди.

Радио СтрумицаНет е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што ги запазува сите прифатени кодекси на новинарско известување од општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, но и за личностите кои потекнуваат од овој регион.

Секојдневно пласираме проверени вести од сите области од овој дел на државата, поткрепени со фото и видео снимки, се во интерес на нашите читатели.

Информативниот портал www.StrumicaNet.com со својата професионална и општествена работа e добитник на повеќе награди и признанија од регионот и земјава. Во тек со новото време, присутен на сите социјални мрежи и го следат околу 50-тина илјади фанови...

www.StrumicaNet.com - Портал за сите, со точна и проверена информација...

 

Радио СтрумицаНет ДООЕЛ Струмица
ул: „Бел камен“ бр. 12, Струмица
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Одговорен уредник:
Роберт Ѓоргиев
077/555-386
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Веб админ и техничка поддршка:
Благој Филипов