Се продава стара куќа со двор, со вкупна површина од 400 метри квадратни на улицата (плоштад) „29-ти Ноември“ број 21 во Струмица. Подетални информации на: 078/214-944.

На 13 јуни (четврток), во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи Хуманитарен концерт за поддршка на 29-годишниот Томе Јанев од Струмица, кој боледува од ALS - (amnyotropxic lateral sclerosis), болест на моторниот неврон.

Надеж за подобрување на неговата состојба има преку лекување и терапија во Москва, Русија. Терапија со матични клетки на секои четири месеци во рок од три години.

На концертот ќе се изведуваат класични дела во интерпретација на пијанистката Клара Ристова, придружена со поезија од странски и домашни автори во интерпретација на Наташа Василевска - Трајчевска.

Влезници може да се набават во НУЦК „Антон Панов“, Ависта, Que Pasa, Concept, Boulevard, Бу, Butler во Струмица.

Да му помогнеме на нашиот сограѓанин, другар, пријател, спортист, Томе Јанев и со донирање на финансиски средства...

- преку денарска сметка број:

Томе Јанев

210-5017071183-75

НЛБ Банка

- преку девизна сметка број:

Tome Janev

MK07210501707118375

NLB Banka AD Skopje

Makedonija

SWIFT: TUTNMK22

- преку Телеком со повик од 100 денари:

143 454

- преку ВИП со повик од 100 денари:

143 502

Денеска се игра комплетното 32 коло во Првата македонска фудбалска лига. „Академија Пандев“ на гости кај „Силекс“, која се бори за опстанок, како и „Беласица“, која на стадионот „Младост“ ја пречекува екипата на „Македонија ЃП“. Натпреварите започнуваат во 16:00 часот.

Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица, вечерва од 19:30 часот во Ноќниот клуб „Платинум“ ќе го одбележи јубилејот 10 години постоење и активно работење, како и успешната соработка со ОО на Црвен крст Струмица.

Роденденска забава, вака е замислено ова јубилејно одбележување на „Вера“ со настап на хорот од Музичкото училиште „Боро Џони“, волонтерите од струмичкиот Црвен крст, видео презентација за активностите на оваа Здружение во изминатите 10 години и соработката со Црвениот крст, а тука е и роденденската торта.

Вторник, 30 април | 19:30 часот | Ноќен клуб „Платинум“ Струмица

Финалето на Купот на Македонија меѓу ФК „Македонија Ѓорче Петров“ и ФК „Академија Пандев“ ќе се одигра на 22 мај на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 18:30 часот. Ова го соопшти Фудбалската федерација на Македонија, што значи борбата за пехарот се враќа во Скопје со оглед на тоа што изминатите две години Струмица беше домаќин на завршницата.

Ова за „Македонија ЃП“ ќе биде трето финале, во првото во 2006 година триумфираше против Шкендија, додека во 2009 загуби од Работнички. За струмичани ова ќе биде прва борба за пехарот.

Националниот сојуз на слепи лица со поддршка на Здружението на слепи лица од Струмица, денеска во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица организираат дружење со концерт на слепи лица од Македонија, Бугарија и Турција.

Меѓународниот концерт е насловен „Слепите лица од Балканот свират и пеат заедно“ и се одржува по прв пат, а освен во Струмица и во уште четири градови во Македонија.

Минатата година се одржуваа меѓународни концерти во Бугарија, сега во Македонија со гостите од Турција и од Бугарија, Концертот започнува во 18:00 часот.

Сабота, 20 април | 18:00 часот | НУЦК „Антон Панов“ | влез слободен

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица, утре (сабота), од 10:00 до 14:00 часот, кај малото паркче до раскрсницата кај ТЦ „Глобал“, го организира традиционалниот хуманитарен хепенинг по повод одбележување на христијанскиот празник Лазарова сабота и претстојните Велигденски празници.

На хепенингот ќе бидат претставени ракотворби, украси, велигденски јајца, кошнички за велигденски јајца и други креации со велигденски мотиви, изработени од децата и младинците со интелектуална попреченост и нивните родители, членови на „Порака“ Струмица.

На хепенингот, исто така, членовите на „Порака“ ќе бојадисуваат велигденски јајца заедно со ученици од ООУ „Видое Подгорец“ Струмица. Присутните гости на хепенингот, за симболична сума, ќе можат да ги купуваат ракотворбите и украсите, а парите собрани од продажбата на креациите ќе бидат искористени за опремување на Социјалниот Клуб на ЦПЛИП „Порака“ со потребните дидактички материјали за работа.

Во рамките на акцијата „Недела на солидарноста“ организацијата на Црвен крст - Струмица во соработка со Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица, како и „Сите сити“ од Скопје, организира хуманитарна собирна акција во храна на ден 16 април (вторник).

Сите граѓани кои ја поддржуваат акцијата и сакат да донираат прехранбени артикли можат истата да ја достават на 2 пункта во градот Струмица и тоа пункт 1 пред маркетот „Здравец“ до поштата и пункт 2 на булевар „Маршал Тито“ помеѓу маркетите „Тинекс“ и „Црвена Ружа“, во периодот од 10:00 до 18:00 часот.
Организаторите ги потсетува граѓаните што ќе донираат прехранбени артикли, истите да бидат од карактер на конзервирана храна, тестенини, брашно, зејтин, грав, ориз, шеќер и слично, односно со подолг рок на траење.

Собраната помош ќе биде поделена на лица и семејства од социјален карактер од струмичкиот регион.

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши, вечерва од 19:30 часот во Спортската сала на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Иловица, во организација на Општина Босилово и градоначалникот Зоран Зимбаков, ќе имат средба со жителите на населените места Иловица и Штука, а на која ќе се разговара за изградбата на Рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“.

Струмица по втор пат ќе биде дел од Божиќниот настан во Македонија, кој секоја година се одржува на Бадник. Во исто време утре (недела), во 11:00 часот околу 10.000 деца ќе бидат во Бадниковите поворки во 35 градови на нашата држава.

Утре, во 11:00 часот од црквата „Св. Григориј Палама и Св. Димитриј“ во Струмица со стиховите од старата коледарска византиска песна „Вечниот Бог“, ќе тргне поворката со околу стотина дечиња и нивните родители. Ќе се движи низ булеварот „Маршал Тито“ до плоштадот „Гоце Делчев“, од таму кон црквата „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.

Со оваа поворка децата ќе станат гласници на радосната вест за Христовото раѓање низ улиците на Струмица.