Пуштена во употреба Пречистителна станица во село Ново Коњарево

Понеделник, 09 Јули 2018

Денеска во употреба е пуштена Пречистителна станица во село Ново Коњарево, општина Ново Село. Изградбата на Пречистителната станица е дел од Проектот за управување со сливот на река Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, кој го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оваа пречистителна станица значи живот и еколошки чиста средина за сите граѓани од општина Ново Село”, изјави градоначалникот Боро Стојчев.

Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, рече дека освен што оваа Пречиститечна станица ќе помогне да се задржи чистата животна средина во овој регион, исто така ќе им помогне на локалните земјоделци преку наводнување со чиста вода да произведуваат здрави и квалитетни производи.

Оваа инвестиција ќе послужи како пример за други мали места во земјата. Ние ќе градиме уште една во општина Василево, како дел од големиот Проект за управување со сливот на река Струмица, вреден три милиони евра, чија главна цел е да го подобри управувањето со водите во регионот“ - изјави Луиза Винтон, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули вели дека овој проект е важен затоа што е целосно во согласност со директивата на Европската Унија за управување со водите и затоа што покажува дека заштитата на животната средина не е изолиран процес, туку бара интегрален пристап и вклучување на сите засегнати страни.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Полицијата со акциски контроли на возачите на мотори

Полицијата со акциски контроли на возачите на мотори

Јул 21, 2018 Струмица

Со акциска контрола на кружниот тек кај булеварот „Маршал Тито“, СВР Струмица и мото-клубот Авантура Тим од Струмица вчера ги советуваа возачите на мо...

Kонсултативна средба за Иловица-Штука: Цијанид и сулфурна киселина нема да се користи, ќе се формира независно тело за мониторинг

Kонсултативна средба за Иловица-Штука: Цијанид и сулфурна ки…

Јул 21, 2018 Струмица

Повеќе од четири часа траела консултативната средба за искажување ставови, факти заложби поврзани со проектот за развој на рудникот за бакар и злато в...

Денеска и утре во Струмица одбојка на песок

Денеска и утре во Струмица одбојка на песок

Јул 21, 2018 Струмица

Денеска и утре на тениското игралиште до базенот „Аквариус“ во Струмица се одржува турнир во одбојка на песок - „Volleyball Summer 2018 Strumica“. Дв...

Владата ги седна на маса засегнатите страни за рудникот Иловица, надвор активистите со пароли против

Владата ги седна на маса засегнатите страни за рудникот Илов…

Јул 20, 2018 Струмица

Вечерва претставници на Владата на Република Македонија, предводени од премиерот Зоран Заев, заедно со претставници на „Еуромакс“ и граѓанските активи...

Заврши реконструкцијата на патот Струмица - Берово

Заврши реконструкцијата на патот Струмица - Берово

Јул 20, 2018 Струмица

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска информираше дека е завршена реконструкцијата на делници од патот Струмица-Берово. Двете делни...

Градоначалникот Јаневски одржа работна средба со министерот Сугарески

Градоначалникот Јаневски одржа работна средба со министерот …

Јул 20, 2018 Струмица

Заедничките проекти во решавањето на инфраструктурните проблеми во општина Струмица, беа главната тема за разговор на средбата која градоначалникот Ко...

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на Уличен Баскет 2018

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на Уличен Баскет 2018

Јул 20, 2018 Струмица

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на годинашниот Уличен Баскет, второто место го освоија Лукас Трејд од Радовиш, а бронзата ја доби тимот на Пице...

Книгата на Иван Котев ја насмеа публиката до солзи

Книгата на Иван Котев ја насмеа публиката до солзи

Јул 20, 2018 Струмица

Никој не остана рамнодушен на стиховите од книгата на Иван Котев, „Играле моми по месечина“, која синоќа во Центарот за култура во Струмица беше промо...