Вицепремиерката на Бугарија Захариева во посета на детската градинка во Ново Село

Петок, 15 Јуни 2018

Попладнево во Ново Село пристигна вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева која ја посети детската градинка „Сонце“ и во име на бугарското МНР донираше 5 компјутерски уреди кои ќе служат за потребите на детската градинка.

Захариева е во дводневна посета на Република Македонија. Во нејзината програма се и средби со локалните власти во Ново Село и Струмица, како и учество на официјалното отворање на фестивалот „One Love Tour 2018“ утре во Скопје. Вечерва вицепремиерката Захариева ќе присуствува во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица на претставата „Железниот светилник“ во изведба на Театар на Армијата од Софија. Неофицијално, Захариева ќе има и кафе средба со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев во Струмица.

„Навистина сум убедена дека оваа донација оди на вистинско место. Јас сум сигурна дека детската градинка „Сонце“ со таков директор и оддаден човек и со таков млад екипаж ќе ги воспита децата. Убедена сум дека ќе успеете да го постигнете тоа што го рековте, да ги воспитате децата, да им создадете убава средина и најважното е децата да ги израснеме како добри луѓе“ - рече министерката Захариева при посетата на детската градинка.

Делегацијата од Бугарија беше пречекана од градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев како и директорката на детската градинка „Сонце“, Лилјана Зекирова, а меѓу делегацијата освен министерката беа и бугарскиот амбасадор во Скопје и бугарскиот конзул во Битола.

Директорката Зекирова по говорот на Захариева им врачи и подароци на вицепремиерката како и на бугарскиот амбасадор во Скопје и конзулот во Битола. /К.Ѓ./

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Полицијата со акциски контроли на возачите на мотори

Полицијата со акциски контроли на возачите на мотори

Јул 21, 2018 Струмица

Со акциска контрола на кружниот тек кај булеварот „Маршал Тито“, СВР Струмица и мото-клубот Авантура Тим од Струмица вчера ги советуваа возачите на мо...

Kонсултативна средба за Иловица-Штука: Цијанид и сулфурна киселина нема да се користи, ќе се формира независно тело за мониторинг

Kонсултативна средба за Иловица-Штука: Цијанид и сулфурна ки…

Јул 21, 2018 Струмица

Повеќе од четири часа траела консултативната средба за искажување ставови, факти заложби поврзани со проектот за развој на рудникот за бакар и злато в...

Денеска и утре во Струмица одбојка на песок

Денеска и утре во Струмица одбојка на песок

Јул 21, 2018 Струмица

Денеска и утре на тениското игралиште до базенот „Аквариус“ во Струмица се одржува турнир во одбојка на песок - „Volleyball Summer 2018 Strumica“. Дв...

Владата ги седна на маса засегнатите страни за рудникот Иловица, надвор активистите со пароли против

Владата ги седна на маса засегнатите страни за рудникот Илов…

Јул 20, 2018 Струмица

Вечерва претставници на Владата на Република Македонија, предводени од премиерот Зоран Заев, заедно со претставници на „Еуромакс“ и граѓанските активи...

Заврши реконструкцијата на патот Струмица - Берово

Заврши реконструкцијата на патот Струмица - Берово

Јул 20, 2018 Струмица

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска информираше дека е завршена реконструкцијата на делници од патот Струмица-Берово. Двете делни...

Градоначалникот Јаневски одржа работна средба со министерот Сугарески

Градоначалникот Јаневски одржа работна средба со министерот …

Јул 20, 2018 Струмица

Заедничките проекти во решавањето на инфраструктурните проблеми во општина Струмица, беа главната тема за разговор на средбата која градоначалникот Ко...

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на Уличен Баскет 2018

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на Уличен Баскет 2018

Јул 20, 2018 Струмица

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на годинашниот Уличен Баскет, второто место го освоија Лукас Трејд од Радовиш, а бронзата ја доби тимот на Пице...

Книгата на Иван Котев ја насмеа публиката до солзи

Книгата на Иван Котев ја насмеа публиката до солзи

Јул 20, 2018 Струмица

Никој не остана рамнодушен на стиховите од книгата на Иван Котев, „Играле моми по месечина“, која синоќа во Центарот за култура во Струмица беше промо...