СВР Струмица поднесе кривична пријава за поранешниот градоначалник на Ново Село

Четврток, 01 Март 2018

Секторот за внатрешни работи во Струмица поднесе кривична пријава против Б.В. (54) од Ново Село поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против А.Б. (54) од с.Мокрино поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „соизвршителство“ и против правно лице од с.Мокрино, Општина Ново Село.

Согласно со донесената одлука за отстапување на нафтени деривати од задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати на Министерството за животна средина и просторно планирање, за чистење речни корита, за 2015 година, за општина Ново Село биле доделени 6.000 литри нафта. Од доделените 6.000 литри нафта, на 28.07.2015 година во посебно направени буриња за складирање нафта во подрумските простории на административната зграда во општина Ново Село биле примени 3.000 литри нафта. Б.В., кој извршувал функција градоначалник на општина Ново Село, спротивно на Законот за спречување судир на интереси, во содејство со А.Б., управител и сопственик на правното лице, без да биде спроведена јавна набавка за чистење на речно корито „Порој канал“ во село Колешино, на вработен во општина Ново Село му наредил останатите 3.000 литри да бидат источени во цистерна во сопственост на правното лице од село Мокрино, лоцирана во магацин во Струмица.

Правното лице подоцна ја добило јавната набавка за работата, за што од страна на правното лице била изготвена и издадена приемница на 3.000 литри нафта и таа била доставена како доказ за евиденциите во општина Ново Село дека нафтата е примена. Откако биле источени доделените 6.000 литри нафта за потребите на општина Ново Село, Б.В., иако бил должен, не водел евиденција за искористените количини нафта, ниту, пак, изготвил документција со што постои основано сомневање дека тој со останатите пријавени се стекнал со противправна имотна корист на штета на општина Ново Село во висина од 300.000 денари. - информираат од СВР Струмица.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...