Министерката Мила Царовска за тешката социјална приказна на семејството Доневи од Дражево

Сабота, 27 Јануари 2018

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на својот Фејсбук профил го изрази својот став во врска со тешката социјална приказна на семејството Доневи од струмичкото село Дражево.

„Екипа на Центарот за социјални работи од Струмица ги посети Доневи, семејство со трогателна приказна, каква што, за жал, не е реткост во нашата земја. Тие се корисници на социјална парична помош, а деновиве ќе им биде доделен и дополнителен еднократен износ. Црвен крст ќе обезбеди хигиенски пакети и храна, a веќе контактиравме и со Општина Струмица кои ќе помогнат со свои ресурси.

За жал, поради неефикасноста на постоечкиот систем, тука се исцрпуваат законските можности на институциите за постапување. Токму затоа работиме на коренити промени на системот кои ќе овозможат ваквите случаи да се извлечат од длабока сиромаштија. Реформата на социјалната заштита е врвен приоритет за министерството. Веќе започнавме со работа на целосно нов закон, а во наредните месеци ќе дефинираме конкретни предлози кои ќе бидат претставени пред јавноста.

Целта е да изградиме похуман систем и да ја зголемиме финансиската поддршка за ранливите за излез од сиромаштија. Ќе воведеме услуги на локално ниво наменети за лица со посебни потреби, стари и изнемоштени, жртви на насилство. На многу семејства им е потребна, лична, човечка поддршка во секојдневниот живот, многу повеќе од финансиската. Новиот систем тоа ќе го овозможи.

Многу брзо, овие луѓе мора да имаат шанса да се одлепат од дното, да добијат поддршка која ќе ги охрабри и зајакне, која ќе им го врати достоинството“ - напиша министерката Мила Царовска на својот Фејсбук профил.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Прекин на струјата на излезот од Струмица кон Дабиле

Прекин на струјата на излезот од Струмица кон Дабиле

Окт 18, 2018 Струмица

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Окт 17, 2018 Струмица

„Денови на маргинализирани уметности“, посветен на сатирата, афоризмот и карикатурата, што ќе се одржи вечерва во 19:00 часот во фоајето на Центарот з...

Загина жител на Костурино превртувајќи се со тракторот

Загина жител на Костурино превртувајќи се со тракторот

Окт 17, 2018 Струмица

Вчера околу 18:30 часот кај местото викано „Голаш“ над селото Костурино, 64-годишниот К.М. од село Костурино, движејќи се со трактор се превртел и поч...

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Окт 16, 2018 Струмица

Непознати сторители дивееле во малиот „Бежански парк“ кај ЕВН Македонија, познат како „Паркот на децата – бегалци“. Ја уништиле урбаната опрема, клупи...

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Окт 16, 2018 Струмица

На два пункта, пред маркетот „Тинекс“ и пред влезот на ТЦ „Глобал“, струмичани донираат храна, покажуваајќи ја својата хуманост, по повод 16 октомври...

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкција на Детската градинка „Сонце“ во Ново Село

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкциј…

Окт 15, 2018 Струмица

Денеска во малата сала на ресторанот „Сонце“, Општина Ново Село ја одржа завршната Конференција, како дел од активностите од проектот со референтен бр...

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Окт 15, 2018 Струмица

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи утре, 16 октомври, по повод Светскиот де...

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правната држава“

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правнат…

Окт 15, 2018 Струмица

Вчера во Ново Село, во организација на Унија на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ, се одржа трибина на тема: „За слободата, владеење на правото и правната држ...