СВР Струмица поднесе уште една кривична пријава за поранешниот градоначалник на Ново Село

Среда, 03 Јануари 2018

Поранешниот градоначалник на општина Ново Село Б.В. (53), доби кривична пријава поради сомневање дека ја „злоупотребил службената положба и овластување“ и со анекс на договор продолжил закуп на времен објект на Смоларски водопади со Друштвото за туризам, угостителство и услуги од Струмица, со што овозможил тоа да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг временски рок.

„Б.В., како градоначалник на општина Ново Село, на 7 март 2014 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување, склучил Анекс кон Договорот за закуп на времен објект, со кој го продолжил рокот на времетраење од пет на 11 години. Пријавениот, пред истекување на Договор за закуп на времен објект на Смоларски водопад, склучен помеѓу општина Ново Село и закупецот - правно лице од Струмица, без спроведување јавно надавање и јавен оглас за издавање под закуп на обејкт, му го продолжил користењето на обејктот, сопственост на општина Ново Село, на 11 години“, информираат од СВР Струмица.

Со потпишување на Анексот, Б.В. дозволил преуредување на постоечки објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба, спротивно на условите во претходно објавениот оглас за јавно надавање за издавање под закуп на времен објект и спротивно на потпишаниот договор за закуп на времен објект.

На тој начин, како што информира СВР Струмица, овозможил Друштвото за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг временски рок.

ПОВЕКЕ ВЕСТИ

Повторно уништени жардинериите на плоштадот во Струмица

Повторно уништени жардинериите на плоштадот во Струмица

Јан 18, 2018 Струмица

Повторно на мета на вандалите беа жардинериите поставени на градското корзо и плоштадот во Струмица. Колку повеќе се вложуваат напори визуелно, од ест...

ФОТО: Силниот ветар откорна дрво кај Црквата „Св. Димитриј“

ФОТО: Силниот ветар откорна дрво кај Црквата „Св. Димитриј“

Јан 18, 2018 Струмица

Силниот ветар кој од синоќа беснее низ струмичко, утрово откорна големо дрво кај црквата „Свети Димитриј“ во Струмица. Откорнато дрво е забележано и н...

Утре прекин на електричната енергија во Дабиље

Утре прекин на електричната енергија во Дабиље

Јан 17, 2018 Струмица

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Се бетонира улица над турските гробишта во Струмица

Се бетонира улица над турските гробишта во Струмица

Јан 17, 2018 Струмица

Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Струмица, денеска се врши бетонирање на улицата која што се нао...

Традиционална крводарителска акција на вработените во Општина Струмица

Традиционална крводарителска акција на вработените во Општин…

Јан 17, 2018 Струмица

Вработените во Општина Струмица денеска уште еднаш ја потврдија својата хуманост и солидарност во традиционалната крводарителска акција. Станува збор...

Несовесни граѓани продолжуваат и понатаму да создаваат диви депонии

Несовесни граѓани продолжуваат и понатаму да создаваат диви …

Јан 17, 2018 Струмица

Несовесни граѓани и покрај честите апели на ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица, продолжуваат и понатаму да го фрлат отпадот на несоодветни места, соз...

Се уредува базенот „Аквариус“ за големиот празник Водици

Се уредува базенот „Аквариус“ за големиот празник Водици

Јан 17, 2018 Струмица

Од утрово екипи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица спроведоа акција за чистење на базенот и околу него, каде во петок ќе се одржи традиционалното фрлање на ...

Македонските ракометари му ја исполнија желбата на младиот струмичанец Михајло

Македонските ракометари му ја исполнија желбата на младиот с…

Јан 16, 2018 Струмица

Иако немаат време за одмор и постојано се насочени кон подготовка за секоја нареден натпревар, сепак нашите репрезентативци денеска му ја исполнија же...