Ансамблот за народни игри и ора „Тримери“ од Струмица во сабота (14 декември) од 19:00 часот во големата сала на Домот на АРМ, ќе го одржи традиционалниот Годишен концерт.
Покрај стотината струмички играорци на концертот, кои ќе се претстават со новиот репертоар, а ќе презентираат и традиционални народни носии од Македонија, како гости ќе настапат КУД „Сушевски бисери“, оркестарот на ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, под раководство на наставничката Милена Ристовска и талентираниот вокал, струмичанката Славица Ангелова.
Ансамблот „Тримери“ кој постои повеќе од 12 години, со своите концерти низ Европа го претставува македонското фолклорно творештво и ги негува традиционалните обичаи од Струмичкиот регион, со што го доби епитетот амбасадор на Струмица и Македонија насекаде низ Европа каде настапува.
Покрај негувањето на фолклорното творештво, народните обичаи, игри, Ансамблот „Тримери“ ги презентира и традиционалните македонски носии, од кои располага со огромен број, кои ги има од најмалото, па до највозрасниот член на „Тримери“.
Сабота, 14 декември | 19:00 часот | Дом на АРМ Струмица
.
.
Фев 28, 2021 Вести
Вчера околу 11:30 часот во селото Банско, струмичко, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А.(35) од село Долна Бањица, гостиварско, затоа што п...
Фев 28, 2021 Вести
Денеска во Скопје се одржа 53-от Државен шампионат на Македонија во кати - традиционално карате, каде каратисти од Карате клубот „Шихан“ од Струмица о...
Фев 28, 2021 Вести
Од понеделник започнува да функционира Мобилната амбуланта на Општина Ново Село набавена преку проектот „Мрежа за примарна здравствена заштита“, кој е...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Во последните 24 часа од направените 3.816 тестирања, регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 од кои 16 во Струмица. Починале 7 лица, еден и во Стр...
Фев 27, 2021 Вести
„СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството усешно и во духот на демократските процеси. Над 80.000 членови се ажурир...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека синоќа околу полноќ, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Млади...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 01:00 часот по полноќ, по претходна пријава и издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на ...
Фев 27, 2021 Веб Билборд
Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од продавачка, девојка за примање на „онлајн“ нарачки и момче фотомодел за промоција на машка облека. Пријавува...