Во петок прва самостојна изложба на струмичанката Верица Арапова

Понеделник, 11 Ноември 2019

Вo петок, 15 ноември, во 19:30 часот во галеријата на „Завод и Музеј“ во Струмица, ќе биде отворена изложба на струмичанката Верица Арапова насловена „Скриени откритија“, а во организација на Здружение за култура „Транзен“.

Верица Арапова е дипломиран архитект на Факултетот за Архитектура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а целиот свој живот, паралено се занимава со сликарство и комбинирани техники. Во нејзиното портфолио има учествувано на бројни колонии и групни изложби. Користи комбинирана техника за нејзиниот ликовен израз, најчесто колаж со кој се движи од експресионизам до експериментален поп арт.

Оваа прва самостојна изложба, Верица Арапова ја работеше во изминатите две години, а во неа ќе бидат вклучени 25 дела, во кои обработува флорални теми од природата, како и од неисцрпните
инспирации на женскиот свет.

Делата во „Скриени откритија“, се сликарски пластови претопени еден во друг, кои се сокриваат еден со друг, живеат еден под друг - како посебни слики, а се откриваат секој посебно и само во очите на набљудивачот, зашто и зависат од неговата индивидуална перцепција, се гледаат одново и одново само преку неговото срце во секој единствен момент.

Петок, 15 ноември | 19:30 часот | „Завод и Музеј“ Струмица

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Младиот Никола Секулов постигна гол за Јувентус во Младинската лига на УЕФА

Младиот Никола Секулов постигна гол за Јувентус во Младинска…

Дек 11, 2019 Вести

Тимот на Јувентус до 19 години изминатите месеци учествува на Младинската лига на УЕФА, а во екипата на „старата дама“ игра и Никола Секулов, по потек...

ВМРО-ДПМНЕ организираше традиционален посен ручок по повод празникот Свети Петнаесет

ВМРО-ДПМНЕ организираше традиционален посен ручок по повод п…

Дек 11, 2019 Вести

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, традиционално на празникот на градот, Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, го организираше з...

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува

Дек 11, 2019 Веб Билборд

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува: фризер/ка, шминкер/ка и девојка за надградба на нокти со работно искуство. Огласот важи за сите кои им...

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка

Дек 11, 2019 Веб Билборд

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка. Подетални информации на: 071/239-003 или на Фејсбук линкот во пораки >>>...

Општина Струмица му додели награда за животно дело на Перо Христов

Општина Струмица му додели награда за животно дело на Перо Х…

Дек 11, 2019 Вести

Наградата за животно дело на општина Струмица, по повод празникот на градот Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ја доби естрадниот уметн...

Сречко Гунчев постави изложба на фотографии создадени преку неговиот објектив

Сречко Гунчев постави изложба на фотографии создадени преку …

Дек 11, 2019 Вести

Од синоќа во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, познатиот струмички фотограф, Сречко Гунчев постави изложба на негови 40 фотогр...

Вечерва ракомет со ветераните на Струмица и ветераните на Македонската репрезентација

Вечерва ракомет со ветераните на Струмица и ветераните на Ма…

Дек 11, 2019 Настани

Вечерва од 18:00 часот во Спортската сала „Парк“ во Струмица, по повод празникот на градот Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици...

Повредена 82-годишна жена во сообраќајка во градот Струмица

Повредена 82-годишна жена во сообраќајка во градот Струмица

Дек 11, 2019 Вести

Доцна попладне вчера во 18:15 часот на улицата „Братство Единство“ во Струмица, патничко возило „Пежо 307“, со струмички регистарски ознаки, управуван...