НОВУС организираше Отворен ден со комисијата за образование, култура, млади и спорт

Сабота, 08 Септември 2018

Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи „НОВУС“ вчера спроведе активноста „Отворен ден со комисијата за образование, култура и млади и спорт при Советот на општина Струмица”, каде беа присутни околу петнаесеттина претставници од граѓанскиот сектор, младински активисти и граѓани. Од страна на комисијата присуствуваа советниците Ацо Георѓиев и Хатиџе Мемедова.

Координаторот на проектот Јасмина Пијанманова детално го објасни проектот пред присутните и ја објасни целта за која тие се повикани на овој отворен ден со комисијата за образование, култура и млади и спорт.

Отворениот ден со комисијата за образование, култура и млади и спорт се одржа со цел да се приближи работата на комисијата до граѓаните и носителите на одлуки на локално ниво да ги објаснат процедурите за носењето на одлуки на локално ниво.

На средбата се разговараше за исполнувањето на стратешките документи кои се донесени на локално ниво и колкав е степенот на нивното исполнување. Најмногу се разговараше за степенот на исполнување на Стратегијата за култура на општина Струмица 2017 - 2022 година. Прашањето од страна на присутните беа поставувани за финансирањето на програмите и проектите за култура, како се поднесуват проекти и како тие се финансираат. Од страна на присутните беше истакнато дека општина Струмица мора да води сметка за финансиите кои се издвојуваат за култура и да прави разлика што е култура, а што забава бидејќи не сите активности што ги финансира општината се сметаат за културни активности.

Како заклучок на средбата беше дека општина Струмица треба под итно да формира одделение за култура во општината со вработувања на вистински експерти од оваа област и формирање на советодавно тело за култура составено од разновидни профили на луѓе од областа на културата.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...