Српската телевизиска станица „АгроТВ“, која емитува програма исклучиво од областа на земјоделството, деновиве емитуваше 60-минута емисија посветена на градот Струмица и земјоделското производство во Струмичкиот регион.

Како и колку е значајна геотермалната вода за овдешното земјоделско производство, открива Даме Тренчовски, кој на својот имот во Банско има приватна бушотина на топла вода.

Познатиот градинар, Драги Памуков од Куклиш, објаснува колку вложување е потребно за подигање на пластеници на површина од 1,5 хектар и за колку време оваа инвестиција може да се исплати.

Во емисијата Ѓорги Хаџикотарев говори за органското пчеларство и предзвиците за оваа дејност.

Кои се предностите на пипераката од сортата „Слоново уво“ и зошто Бончо Божиков од Дабиље не се грижи дали ќе биде продадено неговото производство од 12 тони.

Како изгледа органското производство на киви и колку домашните здрави производи ги привлекуваат туристите од земјите на Бенелукс на етно имотот на Костадин Костадинов.

Но, иако емисијата е посветена на земјоделство во струмичко, во неа се зборува и за градот Струмица и неговата историја, за нејзините природни убавини, за културните и забавни настани, за Струмичкиот карневал.

За Струмица говори градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, за туризмот Ѓоко Ристовски од Одделението за Локален економски развој при општината, за историска Струмица, директорот на НУ „Завод и Музеј“, Ацо Манински, а за културата, директорот на НУЦК „Антон Панов“, Ване Ристов Патриков. Во емисијата свој настап имат и „Распеани струмичани“.

Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички празник, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн.

Апостолите се слават како темели на црквата, што навистина се, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примија благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот. Уште повеќе затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на вселената.

Денеска попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе има нови врнежи кои наместа ќе бидат пообилни, во источните и југоисточните делови над 20л/м2, проследени со грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град – информираат од УХМР.

Агенцијата за управување со одземен имот, му отстапи превозно возило – Комбе на Посебното основно училиште „Св.Климент Охридски” во Ново Село, за потребите на децата со посебни потреби.

Струмичанецот Дени Илиев следната превенствена сезона ќе настапува за словачкиот фудбалски клуб „Серед“. Лондонски „Арсенал“ во договор со Илиев донесе одлука за позајмица од една сезона кај словачкиот прволигаш, каде тренер е Македонецот, Славчо Војнески – објави порталот www.drnka.mk

Голманот од Струмица минатиот месец за Дрнка.мк изјави дека бара нов клуб. „Се надевам на добра и вистинска понуда и клуб каде ќе имам шанси да покажам што и колку можам како голман. Со Господ напред се надевам дека ќе добијам шанса“ – изјави за Дрнка.мк, Дени Илиев.

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска во Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија во Софија, потпиша договор за проект од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија – информираат од Општина Струмица.

Со проектот Струмица – Ќустендил ќе се подобри туристичката инфраструктура во околината на манастирот „Свети Леонтиј“ во село Водоча со уредување на пристапни патеки од реден камен, чистење и хортикултурно уредување на просторот, заштитни ѕидови и огради на река Водочница, одмаралиште со најсовремена урбана опрема за посетителите и други активности.

Во недела од 20:00 до 00:00 часот, кај Саат кулата на плоштадот во Струмица ќе биде организирано набљудување на месечината преку телескоп со кој настан ќе се одбележи 100-годишнината на Меѓународната астрономска унија (IAU) и 50 години од првото слетување на човек на месечината, под мотото „Под едно небо“.

„Мал чекор за човекот, но голем за човечноста” - Нил Армстронг.

Овој настан е и со хуманитарна цел, за да му се помогне на младиот струмичанец, поранешен фудбалер Томе Јанев, кој неодамна се соочи со дијагноза, болест на моторниот неврон или ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis).

Недела, 14 јули | 20:00 – 00:00 часот | Плоштад „Гоце Делчев“ Струмица

Територијалната Противпожарна единица во Струмица ќе добие современо повеќенаменско возило за заштита и спречување на природни непогоди и катастрофи од пожари и поплави.

Станува збор за проект од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија со општините Петрич и Струмица, кој денеска во Софија, во Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, го потпиша градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, во присуство на министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија, Горан Милевски и државниот секретар во Министерството, Кирил Парталов.

ФК Беласица од Струмица кој се врати во Втората фудбалска лига, пред стартот на новата фудбалска сезона се засили со шест нови млади фудбалери.

Цветан Чурлинов, искусниот напаѓач доаѓа од ФК Кожуф, а во минатото има настапувано и за ФК Работнички, ФК Тетекс, ФК Металург, ФК Хоризонт Турново…

Даниел Радојчиќ, после една помината сезона во ФК Плачковица, повторно се враќа во ФК Беласица. Даниел игра во шпицот на нападот.

Дарко Размоски, игра во офанзивата на нападот на крилните позиции. Дарко има 19 години, а изминатата сезона беше еден од стандардните првотимци во ФК Брегалница.

Игор Паноски, 20 години, изминатите шест месеци беше стандарден првотимец во ФК Победа од Прилеп. Игор игра на штоперската позиција.

Зоран Ивановски, доаѓа од ФК Академија Пандев и игра на позицијата десен бек.

Никола Спасов, 19 години, игра на штоперската позиција и доаѓа од ФК Академија Пандев.

Предходно, управата на ФК Беласица назначи и нов шеф на стручниот штаб, поранешниот тренер во младинската школа, Ване Милков.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ги посети првите деинституционализирани лица од ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ кај Струмица, институција за згрижување лица со физичка попреченост.

Парот Фанка Динова и Јонче Гогов од април годинава ја напуштија установата и се преселија во семејната куќа на Фанка, во гевгелиското село Миравци. Двајцата претходно беа сместени во Заводот уште како деца и во него поминале повеќе од триесет години.

„Самостојни и заљубени. Фанка и Јонче се првите кои излегоа од Заводот за рехабилитација Бања Банско. Живеат во семејна куќа, а за полесно секојдневие им обезбедивме личен асиситент. Во следниот период Заводот треба да го напуштат уште 7 возрасни лица, за кои обезбедивме сместување и секојдневна асистенција. Истовремено се прават подготовки за преселба на сите 7 деца под 18 годишна возраст од Бања Банско во групен дом во заедницата“ – напиша министерката Царовска на нејзината Фејсбук страница.

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден.

Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите.

Денеска црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли.

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос.

Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

Акцијата за генерално чистење на каналот долж улицата „Крушевска Република“ во Струмица ќе продолжи и во текот на престојниот  викенд – информираат од ЈПКД „Комуналец“.

Рачно и со механизација се врши генерално чистење на поројот од треви и разновиден отпад фрлен во него.

По спроведувањето на оваа акција за генерално чистење, од струмичкото комунално претпријатие апелираат до граѓаните кои што живеат во близина на „поројот“ да не фрлаат отпад во него, туку, кога имаат насобран отпад во своите домаќинства да се јават на телефонскиот број: 034/325-909, за да пороите, кои не се депонии, ќе бидат чисти, со што ќе се овозможи слободен проток на надојдените води од ридот над Струмица по обилни врнежи од дожд.

Вработени во Општина Струмица денеска учествуваа на традиционалната крводарителска акција, а со собраните 21 единица крв уште еднаш ја потврдија својата хуманост и солидарност, дарувајќи ја својата драгоцена течност.

Акцијата беше отворена и за сите граѓани кои сакаа да ја даруваат својата скапоцена течност за да спасат нечиј човечки живот.

Од Општинската организација на Црвен крст во Струмица и Службата за трансфузиона медицина, упатија јавна благодарност за хуманоста до денешните крводарители, вработени во општинските служби, и ги повикуваа сите струмичани да даруваат крв во летниот период, кога потребата за крв е најголема.

Струмичкиот фудбалски клуб „Академија Пандев“ во вечерашниот прв дуел со Босанскиот клуб „Зрински“ загуби со 3:0 на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Струмичани ја губат шансата за да го продолжат европскиот пат, иако ќе се надеваат на реваншот во Мостар. Хаџиќ во 12-та минута го отвори резултатот, Мандиќ беше стрелец на вториот погодок, а Говедарица во 56-та минута го постави конечниот резултат на овој натпревар.

Во тек е натпреварот помеѓу ФК Академија Пандев од Струмица и ФК Зрински од Мостар, во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

На арената „Тодор Проески“ во Скопје, шесткратниот шампион на Босна – Зрински води со 2:0 во првите 45 минути.

По страшното невреме кое синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики, според последните информации загинаа 9 странски туристи, а стотина се повредени.

Според информации од струмичани кои летуваат во туристичките градови, меѓу повредените нема струмичани. Тие за Радио СтрумицаНет сведочат за она што се случи синоќа околу 21 часот.

Горан од Струмица, кој со своето семејство е во Неа Флогита, вели дека се беше нормално, ништо не навестуваше дека може да дојде до такво нешто. Ако не бевме блиско до хотелот ќе настрадавме од силната бура, која одеднаш ја зафати Неа Флогита. Од синоќа сме без струја и вода…

„Леташе се во воздух, лимирани реклами, керамиди, стакла, се корнеа од земја големи дрвја… Од се можеше да се повреди човек“ – ни раскажа Данче, која вели дека вакво невреме никогаш никаде не доживеала во својот живот, за миг можеш да настрадаш…

Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун извести дека нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики.

Заради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.

Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони:

00302310277347

00302310277348

Контакт од нашата амбасада во Атина:

00302106749585