„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од политички влијанија, намалување на административните процедури и бариери, а со целосно искористување на претприемачкиот дух и знаења на домашниот човечки капитал“, кажа на денешната предизборна средба со струмичките бизнисмени, Костадин Костадинов, кандидат за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, на која присуствуваа и кандидатката за пратеник од општина Ново Село, Љубица Спасова, градоначалникот на Струмица, Коста јаневски, а пред присустните се обрати и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.

Костадинов вели дека трансформацијата на економијата мора да биде следена со серија добро осмислени, практични и остварливи мерки за поддршка, кои реално ќе помогнат македонскиот бизнис да биде растечки, развоен и одржлив. Нашата цел е микро и малите компании да станат средни, средните големи, а големите компании да генерираат приход на конкурентниот, заеднички европски пазар.

Тој најави дека се продолжува со Планот за економски раст и мерките предвидени во политиката, со зголемување на фондот за најмалку 20% на годишно ниво.

Костадинов бред струмички бизнисмени најави и дека новата Владата на СДСМ во наредниот мандат ќе овозможи основање на фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро. Поврат на персоналниот данок на доход за сите нововработени под 29 години, во првите две години.

„Продолжуваме и со мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование. Се укинува данокот на личен доход, познат како персонален данок, и се спроведува како враќање на данок за категорија обука, квалификации, добивање лиценци (стриктно дефинирани само за дејноста на компанијата, кои ќе овозможат подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите“ – кажа Костадинов.

Костадинов најави и целосна промена на системот за плаќање и за висината на фирмарина, согласно големината на претпријатието, бројот на вработени и годишните приходи.

„Ќе ја укинеме фирмарината за првите две години за сите новоосновани компании. Укинување и драстично намалување на трошоците за добивање правна документација за потребите на бизнисот (документи од Централен регистар, Царина, документација за учество на тендери и останати државни институции). На пример: драстично намалување на цената за издавање тековна состојба, како и 75% намалување парафискалните давачки“ – истакна кандидатот за пратеник Костадин Костадинов.

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, во кои би можело да се аплицира систем на монтажни модули, односно мобилни болници, како подготовка за справување со евентуален есенски бран на пандемијата, објави МИА.

Ова било констатирано на денешниот состанок преку електронска платформа на градоначалниците од Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп.

Градоначалниците побарале во овој период да се изработат потребни протоколи за одредени постапки што ќе треба да ги преземе општината.

Повеќе на: МИА >>>

Електрични кревети, отомани за преглед, натказни и друг медицински инвентар и опрема денеска беа донирани во новото крило на ЈЗУ „Општата болница“ во Струмица, која е во изградба, од струмичката компанија ИГМ „Еленица“.

„Донацијата пристигна по барање на директорот на болницата, д-р Наќе Гогов. Ова не е прва донација која ја дава АД „Еленица“, и претходно имаме искуство, токму во оваа болница, каде е дадена донација за замена на инвентар, односно прозорци“, рече Митко Димитровски, заменик генерален директор на ИГМ „Еленица“ АД Струмица.

Директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, изразни благодарност за донацијата од „Еленица“ и најави дека во септември може да биде пуштено новото крило, со опремени хируршки сали, простории за персоналот.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Ова е највисока дневна бројка на новозаболени од почетокот на коронакризата.

Најмногу во Скопје 60, следуваат Свети Николе 29, Гостивар 23, Дебар 17, Куманово и Тетово 13, Струга 12, Штип 10, Кичево 7, Ресен, Велес и Битола 3, Прилеп, Пробиштип и Демир Хисар 2 и по еден во Охрид, Кавадарци, Крушево, Македонски Брод, Берово и Струмица.

Според информациите од Центарот за јавно здравје во Струмица новиот позитивен случај е 50-годишна жена од Струмица. Во Струмица има 9 активни случаи позитивни на Ковид-19.

Инаку, според информациите од Министерството за здравство, денеска 6 лица со Ковид-19 починаа, а во изминатото деноноќие регистрирани се 336 оздравени лица.

Вчера во 10:30 часот, врз основа на Наредба на Основен суд Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле претрес во домот на 24-годишно момче во село Моноспитово, струмичко, при што била пронајдена марихуана, 33 патрони за ловна пушка и кутија со барут за ловна муниција – информираат од СВР Струмица.

Лицето е лишено од слобода и приведен во Полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Обраќање на Костадин Костадинов, кандидат за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ.

На 15 јули одлучуваме за сопствената иднина, за иднината на најблиските и за иднината на земјата. Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад!

Дали ќе растат платите за сите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски?

Дали ќе се заштитиме од Ковид или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите?

Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски?

Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија?

Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и само ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачкото место кое ќе биде целосно безбедно.

Почитувани граѓани,

Знаеме дека можевме и подобро. Знаеме дека не ги исполнивме сите ваши очекувања. Знаеме дека направивме и грешки.

Но, секоја наша грешка, ни ја посочувавте гласно, демократски, а ние ве слушавме и реагиравме. Покажавме дека знаеме и можеме да се подобруваме.

Ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ.

Негласањето носи ризик да изгубиме се што постигнавме заедно. Во моментов нема подобра опција за државата од Заев и СДСМ. Не смее да се ризикува да се врати ВМРО, тоа ќе донесе хаос во државата.

На 15 јули го бараме Вашиот глас, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро.

„Пандемијата на КОВИД-19 беше најсериозниот тест за нашиот здравствен систем. Во услови на најтешка светска криза, покажавме како треба да се работи и како може да се создаде огромна доверба кај граѓаните во здравствените работници и здравствениот
систем. Големо мнозинство од македонските граѓани се задоволни од начинот на кој се менаџираше оваа криза, резултат кој никој не го забележал од нашата независност“ – кажа Костадин Костадинов, кандидат за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, на синоќешната предизборна трибина со здравствените работници од Струмица, која се одржа во Амфитатарот.

Костадинов најави дека здравствениот систем и здравствените работници се подготвени за следниот бран на коронавирусот и дека во наредниот период ќе се инвестира 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега.

Тој најави дека новата Влада предводена од СДСМ ќе продолжи со вработувања во јавно-здравствените установи за да се јакнат капацитетите на здравствените установи.

„Времето на одговор на Брзата помош ќе се намали на 10 минути во градски и 20 минути во рурални средини. Обезбедуваме трипати повеќе специјализации. Со апликацијата „Здравје за сите“ ќе се скуси времето и „шетањето“ на пациентот од доктор до специјалист и аптека. Скопје добива нов Клинички центар, а Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри. Ги реновираме влезовите и приемните одделенија на болниците. Ја прошируваме позитивната листа на лекови, лековите на рецепт се достапни во секој дел од месецот, во секое населено место“ – кажа Костадинов.

На трибината со здравствените работници говореа и двајцата лекари, пратеничката од последниот состав на македонскиот парламент, Катерина Кузмановска и актуелниот градоначалник на Струмица, Коста Јаневски.

На денешен ден 2014-та година, ноќта околу 22 часот на периферијата од градот Струмица, се случи трагичната хеликоптерска несреќа, во која загинаа четворицата искусни пилоти на МВР, Драги Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.

Според тогашните информации од МВР, хеликоптерот бил произведен 2008 година и имал опрема за ноќно летање. Пилотите во текот на денот биле на ноќен лет на релација Скопје - Кавадарци - Валандово - Струмица - Берово - Делчево и обратно, а во текот на летот била користена ноќна визуелизација. Околу 22 часот хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки MAP 7712 удрил во антенски столб на Македонската радиодифузија. Во текот на летот пилотите не пријавиле проблем.

Според очевидци, кои го виделе падот на хеликоптерот, четворицата пилоти ги жртвувале своите животи за да ја спасат Струмица од катастрофа, кога решиле да слетаат на ливадата на која единствено имале место да атерираат без да ги загрозат околните објекти.

Во близина на местото каде се сруши хеликоптерот има неколку фабрики, а на сто метри има и бензинска пумпа, па во експлозијата на керозинот можело да се запалат и овие објекти и да дојде до катастрофален пожар.

Противпожарната станица била известена за пожарот во 22:05 часот и само по 4 минути две возила тргнале кон местото. Пожарникарите реагираа со 12.000 литри вода и бидејќи станувало збор за високо запалливи материи од керозинот, се користело вода во комбинација со пена.

Роденденски, свечено, синоќа во големиот Градски парк во Струмица, покрај езерцето, во пријатен амбиент и опуштена атмосфера на отворено, струмичките жени од партијата ВМРО-ДПМНЕ ја одбележаа 22-та годишнина од основањето на Унијата на жени во Струмица, но и 30-тата годишнина од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, основан на 8 јули.

На свеченоста присуствуваше и сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Рози, инаку струмичанка.

„Струмица е мојата неразделна приказна, мојот роден дом и семејство, роднини и пријатели, тука е мојата гимназија. Посебно ми претставува задоволство што вечерва пред мене гледам жени кои победуват во своите битки, семејни и лични, храбри девојки и сопруги спремни во свои раце да го носат водењето на работите во заедницата. Политиката е составен дел од мојот живот. Секој ден додава задача во улогата: да бидам сопруга и мајка според дадениот завет, да бидам советник кога тоа се може, поддршка кога тоа се бара, да бидам заштитник во молитвите, да ги стегам палците за секој мал, но битен успех на децата. И немам проблем да се справам со ниту еден предизвик, ниту нешто може да ме расколеба во одот на денот. Ние, тоа го учевме од нашите мајки, ние сето тоа го знаеме од нашите баби. Колку пати сме си рекле: исправи се? Колку примери сме земале од нашата Македонија - за да се исправиме? Затоа како професор и македонист се радувам кога се обраќаме до татковината: исправи се Македонијо, сега ние сме тука“, кажа во своето поздравно обраќање, Рози Мицкоска.

Претседателката на Унија на жени при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тања Достинова Запрова во своето обраќање кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се покажа како единствена и чиста опција која може да создава вредности, не само за сегашните, туку и за идните генерации.

„Ние искуствата умееме да ги преточиме во архитектура, во уметност, во екологија, ние Македонија знаеме да ја пресоздаваме. Да изгледа секогаш горда, да има најдобри патишта и училишта, да ги постигнува најдобрите резултати во спортот и да се радува. Тоа е Македонија на ВМРО-ДПМНЕ. Умееме многу да патиме заради Македонија. Многумина во затворите, многумина без работа и различни судбини но, ние не се откажуваме. Нашата намера е да го вратиме достоинството на татковината, да започнеме процес на обнова во кој ќе подадеме рака на секој кој умее да покаже квалитет, секој кој умее да даде добар совет и секому кој ни посакува успех на патот кон обновата“ – кажа Достинова Запрова, повикувајќи ги жените на 15 јули да излезат масовно на изборите и да го заокружат број 14, да победи ВМРО-ДПМНЕ и да започне обновата.

Пред присутните говореа и еден од основачите на Унијата на жени во Струмица, Љубица Ангелова, поранешната претседателка на Унијата на жени, Софче Дафчева, како и кандидатките за пратеници од Струмица во Изборната единица 4, Ели Панова и д-р Јадранка Поцкова. На свеченоста присуствуваше и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Донев и потпретседателот на Унија на млади сили, Владимир Ристов и кандидат за пратеник.

Преку видео-обраќање градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, попладнево упати јавен апел до надлежните чинители во спречувањето на транзитот на мигранти во земјава да си ја завршат својата работа, откако само во последните три дена се случија две сообраќајни незгоди во општина Струмица во кои беа инволвирани возила кои пренесуваат мигранти.

„Министерството за внатрешни работи, СВР Струмица, вклучително и граничната полиција, ги имаат сите ингеренции да ги пресретнат овие криминални групи и најжестоко да реагираат во сузбивањето на овие сериозни кривични дела на трговија со луѓе“, вели Јаневски во неговото обраќање.

Градоначалникот на Струмица во јавниот апел бара МВР да го спречи транзитот на мигранти низ Струмица, да се зајакнат полициските патроли на влезовите на градот и на ридовите над градот поради пресретнување на криминалните групи кои учествуваат во криумчарењето на мигранти, и да се засили полициското присуство во градот и во населените места „за да се гарантира мир, спокојството и сигурност на граѓаните на општината“.

„Во последниот период се почесто сме сведоци дека несовесни граѓани помагаат во организацијата, транспортот, засолнувањето и трансферот на мигранти заради здобивање на финансиска корист. Криминалните структури за криумчарење со мигранти го организираат транспортот и транзитот на мигрантите преку Струмица, а со тоа го нарушуваат мирот и спокојството на граѓаните на нашата општина“, кажа Јаневски.

Во видео обраќањето градоначалникот на Струмица апелира до граѓаните на општината доколку забележат „било какви групи на сомнителни лица“, веднаш да ги пријават во полицијата.

Синоќа комбе полно со мигранти излета од патот Струмица-Валандово и се преврте во реката Тркања. Од полицијата информираа дека само во ова комбе се транспортирале 50 мигранти, од кои 14 се здобиле со повреди во незгодата. Во вторникот друго комбе со мигранти, управувано од лице од Кочани, се судри во неколку патнички возила на улицата „Младинска“ во Струмица, превезувајќи 32 мигранти, од кои кај 8 се констатирани повреди.

Минатиот месец возило кое транспортирало мигранти низ Струмица направи сообраќајка на патот Струмица-Радовиш во која животот го загуби жител на населеното место Градашорци.

Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност денес се признаени од сите, кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов.

За само три години СДСМ ги оствари стратешките цели на државата.

Преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја извадиме државата од изолација во која ја држеше ВМРО-ДПМНЕ и да ја вратиме на правиот пат, на патот на евроинтеграциите.

Денес сме 30 земја членка на НАТО, еднакви во насилниот и најважен воено-безбедносен сојуз. Нашите граници се трајно обезбедени, а нашата национална безбедност и сигурност никогаш не биле на повисоко ниво.

Денес сме пред почеток на преговори со ЕУ и отворање на првите поглавја.

Ги остваривме највисоките цели и и целосно го заштитивме идентитетот, ги зачувавме државните и национални интереси.

Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност денес се признаени од сите. Од ЕУ, од НАТО, од целиот свет.

Последен, силен доказ за тоа е Преговорачката рамка каде што јасно е наведено дека јазикот на кој треба да се преведе европското законодавство е македонски јазик.

Македонски јазик е јазикот наведен во нашата лична карта во ООН, македонски јазик е јазикот на кој ја водиме меѓународната комуникација.

Разобличени се лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно губење на идентитетот и оспорување на нашиот, македонски јазик.

Покажавме дека можеме да ги зачуваме идентитетот и посебноста и да ги отвориме вратите на ЕУ и НАТО.

Членството во НАТО е влезна карта за ЕУ. Подготвени сме, знаеме и можеме до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 6 години да го затвориме преговарачкиот процес.

Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за Северна Македонија. Тоа се повеќе пари за справување со коронакризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома.

На 15 јули граѓаните ќе одберат да продолжиме на прав пат кон ЕУ и НАТО и нема да дозволат враќање на изолацијата и обнова на режимот.

Синоќа во 20:45 часот на регионален пат Валандово – Струмица, пред раскрсницата за село Раборци, товарно возило „Мерцедес Спринтер“, со битолски регистарски ознаки, во кое биле превезувани 50 мигранти од Индија, Авганистан и Пакистан, се превртело на коловозот. По незгодата возачот побегнал од местото, информираат од СВР Струмица.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле четворица мигранти, а десет се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Струмица, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Останатите мигранти биле пренесени во Прифатниот центар кај Гевгелија.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица. Се работи на расчистување на случајот.

„Иманентен фактор на идентитетот и развој на секоја држава е Културата. Таа е столб на континуитетот на постоењето на една заедница и еден народ. За жал последните неколку години се урива овој столб. Затоа се обврзуваме за заштита и негување на културата и уметноста како и подобрување на усовите за вработените во областа на културата“, им кажа на работниците од областа на културата, Ели Панова, кандидат за пратеник во ИЕ4 од Коалицијата „Обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која заедно со кандидатот од Струмица, д-р Јадранка Поцкова имаа средба со културните работници во малиот Градски парк во Струмица.

„Драги сограѓани, ние не сме излегле да одиме по град и села за џабе. Нашиот народ си има мака. Младите заминуват, земјоделците пропаѓаат, здравството сите го знаеме дека е на стаклени нозе, платите се мали и во администрација, а камо ли во стопанството. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија. Нас не може да не разликувате од народот. Не се делиме од народот. Оние што не се чесни ние сами ги изложуваме. Македонскиот народ секогаш има само еден непријател тоа е СДСМ насочена кон богатење. Тие ја направија приватизацијата, тие го уништија македонското село, тие ги натераа младите да бегат во странство, тие го сменија името, и сега барат мандат за којзнае какви нови предавства. Затоа ние доаѓаме пред вас да си позборуваме, да ја претставиме нашата програма и да си дадеме ветување“, кажа д-р Јадранка Поцкова, кандидат за пратеник во ИЕ4 од Коалицијата „Обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата со жителите на Банско, а на која се претставија и носителот на листата за пратеници во ИЕ4, Александар Николоски и кандидатот за пратеник од Струмица, Ели Панова. Тие имаа средба и со жителите на Куклиш на кои им ја презентираа програмата за Обнова на Македонија.

Портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска вечерва информираше дека околу 20:50 часот на магистралниот пат Струмица - Валандово, кај Раборска раскрсница се случила сообраќајна незгода во која комбе возило со битолски регистарски таблици е превртено.

„Во комбето биле превезувани мигранти. Во незгодата 7-8 мигранти се здобиле со повреди од кои 4 мигранти со потешки повреди. Возачот на комбето се дал во бегство. Во тек е увид на лице место воден од јавен обвинител“ – информираше Рендевска.

Вечерва околу 21:30 часот на патот Струмица – Валандово, кај Тркања, патничко товарно возило од засега непознати причини излетало од патот и се превртело. Според очевидци во комбето имало мигранти.

Интервенирала Противпожарната единица на Струмица со шестмина пожарникари, кои со специјални хидраулични алатки е пристапено кон извлекување на повредените. Според информациите од ТППЕ Струмица, седум лица се префрлени во Струмичката болница.

Полицијата врши увид на самото место.

ФОТО: ТППЕ Струмица