ЈЗУ „Здравствен дом“ од Струмица набави ново амбулантно возило за Итната медицинска помош, како што вели директорката Љубица Митева, и покраај лошата економска и здравствена криза предизвикана од пандемијата, возилото е купено со сопствени средства.

Станува збор за амбулантно возилото со вредност од околу 55.000 евра, опремено со целокупна медицинска опрема и како такво е обезбедено со систем за филтрација во болничкиот простор да ги отстранува 99,9% честички што одговараат на големината на вирусот SARS/COVID-19 (0,1 микрометри) и можност да испушта секоја минута свеж воздух во простор со волумен од 10m³.

„Нашите активности и заложби за подобро јавно здравје нема да застанат тука. Заедно со мојот тим и вработените во јавната установа ќе продолжиме да обезбедуваме квалитетни здравствени услуги и активно ќе продолжиме да учествуваме во борбата за спречување и ширење на заразата предизвикана од COVID-19“ – вели директорката Митева.

Струмичанецот Димитар Џорлев, ученик во III година во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица, освои златен медал на меѓународниот математички натпревар „IYMC 2020“, на кој учествуваа повеќе од 6500 ученици од 98 земји.

Натпреварот се одржуваше во периодот септември – декември и по поминатите три круга, односно квалификациите и полуфиналето, на финалниот натпревар, Димитар освои златен медал и доби специјална национална награда за најдобар резултат. Истиот овој успех тој го имаше и минатата година.

Инаку, Димитар Џорлев уште од основното образование ги реди успесите со освојувањето на награди и медали во повеќе области. Освен во математиката, Димитар досега се докажал и како успешен физичар, информатичар на повеќе домашни и меѓународни натпревари, а беше дел и од Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки која минатата година се одржа во Боцвана, Африка.

Димитар Џорлев годинава е добитник на Годишната награда на Општина Струмица, „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, која на 11-ти декември, на свечена седница му ја додели градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Општина Струмица и годинава ги додели традиционалните Годишни награди во неколку области и наградата за животно дело „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.

Наградата за животно дело ја доби ликовниот уметник и педагог Ниче Василев за особен придонес во областа на уметноста.

Годишната награда за 2020-та година ја добија, Панче Николов за особен придонес во областа на крводарителството и хуманоста, професорот Никола Делевски и ученикот Димитар Џорлев за особен придонес во областа на образованието и науката.

На денешната седница, градоначалникот Коста Јаневски им додели специјални признанија на ЈЗУ „Општа болница“ Струмица, ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, Центарот за јавно здравје во Струмица и Општинската организација на Црвен крст – Струмица, за особен придонес во борбата против пандемијата од ковид-19.

На денешен ден пред 9 години, (6 декември 2011), Македонија се прости со најголемата фолк ѕвезда... со секогаш насмеаниот, пријателски расположен за песна и дружба и секогаш подготвен да им помогне на сите... Гоце Арнаудов.

Неговите песни се пееја, се пејат и ќе се пејат, тој на секоја песна и даваше душа и ја пееше од душа и со неговата интерпретација беше и ќе остане незаменлив. Тој голем човек на македонскиот народ му го остави своето најголемо богатство, своите песни.

Една од последните негови песни е темата „Песно моја“ во која тој пее:

Песно моја биди жива

Кога мене ќе ме нема

Кога ќе се јавам јас пред Бога

Може лесно да ме бришат

Можат грешки да ми пишат

Но, сведок ти ќе останеш.

Без сомнение песните кои ги отпеа со многу љубов, ќе продолжат да живеат и ќе бидат сведок за еден голем човек и пејач со неверојатна енергија.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Уште на десетгодишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а речиси на сите фестивали ги освојува првите места.

Во 1994 година на Фолк Фест „Валандово“ со песната „Дали чекаш стара мајциче“ ги освојува сите можни награди, а таа песна се уште е меѓу омилените фолк песни на македонската публика.

Тој зад себе остави 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк Фест „Валандово“ му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.

Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач Никола Бадев на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостуваше на публиката во Европа, Америка и Австралија. Учествуваше редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица, Гоце прави концерт на стадионот „Младост“ и собра 10 илјади публика, а првите луѓе на градот му ја дават наградата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и за почесен граѓанин на Струмица.

Во малиот Градски парк во центарот на Струмица, спроти неговиот дом, Општина Струмица му постави споменик, уметничко дело на нашиот најталентиран уметник и професор по ликовно, Митко Тошев, за Гоцевата заслуга како и големиот придонес во фолк музиката.

Да му помогнеме на младиот струмичанец Петар Попов, кој боледува од Неоплазма на бронхии со метастаза на мозок. Потребни се финансиски средства за лекување на Петар...

Сите граѓани и компании кои сакаат да ја покажат својата хуманост можат да донираат на следните сметки:

210-5016594468.52 НЛБ Банка

и девизна сметка за донирање од странство:

IBAN code МК07210501659446852

на име Добрица Попова.

online ДОНАЦИЈА на следниот линк >>>

Страница 1 од 10