DIAVERUM влезе во Македонија преку аквизиција на ПЗУ Диамед Македонија

Четврток, 01 Ноември 2018

Diaverum, еден од водечки бубрежни центри во светот, ја презема Приватната Здравствена Установа „Диамед Македонија“, која оперира со 9 центри за дијализа и се грижи за повеќе од 670 пациенти во земјава.

Diaverum влегува на македонскиот пазар преку преземање на ПЗУ Диамед Македонија. Овој центар оперира со 9 дијализни центри повеќе од 9 години, кога доби на еден од двата јавни повика. Тендерот е со траење од 20 години, односно до 2034 година.

Македонија се соочува со многу предизвици поради високото ниво на хронични заболувања кај популацијата, што претставуваат сериозен напор за здравствениот систем. Девет отсто од населението има диабетес, односно 54% има прекумерна тежина. Кај лицата над 18 години, 22% страдаат од прекумерна тежина и предиспозицијата за висок крвен притисок е 40%. Дијабетот и високиот крвен притисок се двата главни ризик фактори во развој на болест на бубрезите.

Диаверум има повеќе од 25-годишно искуство со успешно третирање на пациенти кои боледуваат од бубрежна болест, како и работа со превентивна нега, за да се спречи развојот на овие болести. И пациентите и вработените и клиентите ќе имаат придобивка од високите стандарди на Диаверум во клиничката експертиза, тренинзите од светски ранг, едукативните програми и пристапот „Пациентот прв” - вели Борис Зјачич, заменик претседател за Централна и Источна Европа Диаверум

Воодушевени сме што г-ѓа Вера Иванова, поранешниот сопственик во ПЗУ Диамед Македонија, ќе остане како менаџер за Диаверум во земјава. Диаверум носи многу искуство и меѓународно знаење и убеден сум дека може да направиме вистинска разлика за пациентите во Македонија” - додава Зјачиќ.

Императив за мене беше да одберам меѓународна компанија која има јасен фокус кон пациентите и солидно разбирање на локалната култура. Сакав компанија која ќе биде способна и подготвена да го прифати тоа што го создадов и да го подигне на наредно ниво. Ова значи уште поголемо подобрување на стандардите за квалитет за пациентите и овозможување вработените да имаат повеќе можности за раст во организацијата. Исто така, гледам недопрен потенцијал во партнерството на Диаверум и Министерството за здравство во други области, како што се трансплантацијата, образованието и менаџирањето на другите болести на бубрежно болните пациенти“, вели Вера Иванова, менаџер на Диаверум во Македонија.

Вистински момент е да се влезе во Македонија и оваа аквизиција ја сигнализира нашата посветеност на македонскиот пазар. Ова е уникатна можност да се воспостави локално присуство во земјава, како можна платформа за потенцијални идни експанзии на балканскиот регион“ - вели Даг Андерсон, Главен извршен директор во Диаверум.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ центар во Струмица

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ цента…

Јан 16, 2019 Магазин

Светски познатата компанија за производство на напредна медицинска опрема „Nuga Medical“ од Сеул, Јужна Кореја, синоќа во Струмица отвори Центар за зд...

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ во Струмица

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ в…

Јан 16, 2019 Вести

Заврши поставувањето на нова термичка фасада на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица. Овој проект е реализиран од Агенцијата на СА...

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Јан 16, 2019 Вести

Кабелскиот бренд „Телекабел“ од вчера, на 22-годишнината од своето постоење и официјално станува нов мобилен оператор. Со ова „Телекабел“ го заокружи ...

Млечен ресторан има потреба од продавачки

Млечен ресторан има потреба од продавачки

Јан 15, 2019 Веб Билборд

Млечен ресторан од Струмица има потреба од продавачки. Повеќе информации на: 034/331-454 и 070/388-133, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот...

„Комуналец“ ги расчистува снегот и мразот околу училиштата

„Комуналец“ ги расчистува снегот и мразот околу училиштата

Јан 15, 2019 Вести

Пред почетокот на второто полугодие од учебната година, која започнува во понеделник, ЈПКД „Комуналец“ започна со расчистување на снегот и мразот на т...

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики

Јан 14, 2019 Вести

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики. Во чест на големиот христијански празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, мош...

Струмичкиот карневал на 9-ти март, Маскенбал на 8-ми

Струмичкиот карневал на 9-ти март, Маскенбал на 8-ми

Јан 14, 2019 Вести

Традиционалниот „Струмички карневал“ годинава ќе трае од 6 до 13 март, а главната карневалска веќер ќе биде на 9 март (сабота). Претходната вечер е Ма...

На 27 јануари Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповски“

На 27 јануари Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповск…

Јан 14, 2019 Вести

Навивачката група Ајдуци од Струмица традиционално и годинава ќе го организира 4-от Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповски“. Системот на нат...