Елена Зетова: Jа работам работата што ја сакам и која ме прави среќна

Сабота, 14 Април 2018

Со над 130 години традиција, искуство и вложување во иновации и патенти, АVON е синоним за убавина и претставува една од водечките глобални компании во директна продажба.

Компанијата не пропушта прилика да нагласи дека нејзината силна страна е фактот што во своите редови има најмногу жени на менаџерски позиции, споредено со останатите големи компании со светско реноме.

Во Македонија продажната сила на АVON е организирана во шест региони кои се управувани од Регионални (Зонални) Менаџери за продажба.

Една од шесте менаџерски позиции во Македонија ја има Елена Зетова од Струмица, која 10 години успешно го развива AVON бизнисот во јужна и источна Македонија и дирекно е одговорна за 100 лидери и 1800 претставници во структурата.


Зошто избравте да ја градите кариерата со
AVON?

Во денешно време, постои девиза која вели дека ако сте успешни во продажба, ќе успеете во која било друга бизнис-категорија. Веројатно тоа е така, бидејќи продажбата како вештина не подразбира само продажба на материјален производ, туку и умешност за "продажба" на идеја преку креативна презентација и влијание. Мојот развој со AVON значеше минување на буквално сите еволутивни фази на развој. Истовремено, мојата иницијалната мотивација да почнам да работам со AVON беше евидентната можност за брз напредок во кариерата, се разбира, доколку лично се вложиш себеси и си подготвен за учење и континуиран личен развој. Дополнителна мотивација претставуваше и личната надградба со лидерски и менаџерски вештини, но и фактот дека со сопственото влијание и пример им помагаш на други луѓе да почнат сопствен бизнис и да направат промена во нивниот живот.


Што значи да се биде
AVON Зонален менаџер?

Позицијата Зонален Менаџер вклучува многу активности - како канцелариски така и теренски обврски. Меѓу другото, тоа подразбира планирање и анализи за продажбата во регионот, предвидување и спречување на ризици со цел развој на бизнисот, регрутирање на нови претставници и лидери, тренинг и развој на истите, презентации на можностите за учење и започнување на сопствен бизнис, пракса преку програми за стажирање и слично. Секако, да се работи со 1800 луѓе од различни градови со различни возрасти, карактери, интереси, навики, различен степен на образование и менталитет сплотени во еден тим, е навистина голем предизвик. Тоа значи дека личната организација и одговорност се круцијални особини без кои би било невозможно да се функционира. Ако треба да го посочам мојот клуч за успех, тоа е дека она што го работам е тоа што го сакам и што ме прави навистина среќна. Во реалниот живот, се' повеќе сме сведоци на ситуациии кога работиш нешто што ти ги плаќа сметките и те држи зафатен, но таа работа не те прави среќен.


Што ве мотивира денес, после толку години во работата со
AVON?

Има повеќе работи. Пред сè, задоволството е големо да работиш со интернационална компанија која е светски познат бренд, компанија која е иновативна, модерна и во тек со сите случувања и потреби на пазарот, но истовремено и компанија која е општествено - одговорна и е постојано активна на полето на борба против ракот на дојка и спречување на насилството врз жените и девојчињата. Мотив плус се големиот потенцијал за одличен приход, флексибилното работно време, обуките, како и големата поддршка која компанијата ја обезбедува за развој на бизнисот. Преку работата со AVON, секој ден запознавам нови луѓе, влијаам врз жените кои сакаат да променат нешто во својот живот, да научат како да бидат успешни и да изградат кариера во било кој период од животот. Секако, наградите и признанијата за успехот и вложениот труд се нешто што навистина ми годи и ме инспирира да продолжам да работам со дополнителен елан и мотив.


Што според тебе е пресудно за да се постигне успех во работата?

За успех се потребни неколку работи, но како најважни би ги издвоила: желбата, мотивот, целта, временската рамка која си ја задаваш за да стасаш некаде, прецизно утврдените начини и методи за работа, континуираната надградба и работа според светски стандарди, довербата во тимот, доследноста, упорноста и секако, истрајноста во работата. За да се постигне успех во соработка со интернационална компанија, заслужна е и самата компанија која се грижи за задоволството на своите соработници и што нуди можности за секого да може да одбере опција и позиција која му одговара. Но, само оние кои се вистински фокусирани кон испорака на добри резултати и се тимски играчи - тие се најуспешните во ваков вид на бизнис.


Која е твојата препорака до сите девојки, мајки, жени ... ?

Ги охрабрувам жените и девојките од мојот регион кои имаат големи соништа, да се охрабрат и соништата да ги преточат во реалност; да го направат својот прв чекор и да донесат одлука за да започнат нешто свое. Со нас, тие секогаш ќе имаат ментор кој ќе им помага за да почнат самостојно да работат.

Само преку работа и вложување во личниот развој и вештини може да содадеме изградени млади луѓе кои стекнуваат самодоверба, продуктивни се и мотивирано, а како резултат на тоа - успехот им е загарантиран.

За сите допонителни информации може да ја посетат нашата канцеларија во Струмица на улицата „Гоце Делчев“ број 26 (спроти Противпожарната станица), секој работен ден од 11:00 до 17:00 часот.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Полицијата со акциски контроли на возачите на мотори

Полицијата со акциски контроли на возачите на мотори

Јул 21, 2018 Струмица

Со акциска контрола на кружниот тек кај булеварот „Маршал Тито“, СВР Струмица и мото-клубот Авантура Тим од Струмица вчера ги советуваа возачите на мо...

Kонсултативна средба за Иловица-Штука: Цијанид и сулфурна киселина нема да се користи, ќе се формира независно тело за мониторинг

Kонсултативна средба за Иловица-Штука: Цијанид и сулфурна ки…

Јул 21, 2018 Струмица

Повеќе од четири часа траела консултативната средба за искажување ставови, факти заложби поврзани со проектот за развој на рудникот за бакар и злато в...

Денеска и утре во Струмица одбојка на песок

Денеска и утре во Струмица одбојка на песок

Јул 21, 2018 Струмица

Денеска и утре на тениското игралиште до базенот „Аквариус“ во Струмица се одржува турнир во одбојка на песок - „Volleyball Summer 2018 Strumica“. Дв...

Владата ги седна на маса засегнатите страни за рудникот Иловица, надвор активистите со пароли против

Владата ги седна на маса засегнатите страни за рудникот Илов…

Јул 20, 2018 Струмица

Вечерва претставници на Владата на Република Македонија, предводени од премиерот Зоран Заев, заедно со претставници на „Еуромакс“ и граѓанските активи...

Заврши реконструкцијата на патот Струмица - Берово

Заврши реконструкцијата на патот Струмица - Берово

Јул 20, 2018 Струмица

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска информираше дека е завршена реконструкцијата на делници од патот Струмица-Берово. Двете делни...

Градоначалникот Јаневски одржа работна средба со министерот Сугарески

Градоначалникот Јаневски одржа работна средба со министерот …

Јул 20, 2018 Струмица

Заедничките проекти во решавањето на инфраструктурните проблеми во општина Струмица, беа главната тема за разговор на средбата која градоначалникот Ко...

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на Уличен Баскет 2018

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на Уличен Баскет 2018

Јул 20, 2018 Струмица

Тимот на Алма БП од Гевгелија најдобар на годинашниот Уличен Баскет, второто место го освоија Лукас Трејд од Радовиш, а бронзата ја доби тимот на Пице...

Книгата на Иван Котев ја насмеа публиката до солзи

Книгата на Иван Котев ја насмеа публиката до солзи

Јул 20, 2018 Струмица

Никој не остана рамнодушен на стиховите од книгата на Иван Котев, „Играле моми по месечина“, која синоќа во Центарот за култура во Струмица беше промо...