Во Струмица отворена Автоперална „CityCentre“, која ем ги чисти возилата, ем ве наградува

Среда, 07 Март 2018

Деновиве во Струмица започна да функционира нова автоперална „CityCentre“, која се наоѓа на излезот од Струмица кон Дабиле, спроти бензинската „EcoOil“.

Станува збор за автоперална која работи по сите најсовремени европски стандарди и методи, а со својата палета на услуги претставува вистинско освежување за возачите, а пред се за моторните возила.

Новата перална во Струмица работи нон стоп 24 часа во текот на целата недела, со десет пункта и врвни професионалци кои ги чистат до темел вашите возила и им даваат посебен сјај, свежина и убавина. Со повик го земаат вашето возило од посакуваната адреса и се враќа исчистено и дотерано по иста цена.

Оние пак кои чекаат на лице место, додека се чисти возилото, може да уживаат во кафетеријата и бесплатното кафе во рамките на автопералната.

Наскоро „CityCentre“ отвора и перална за тешки товарни возила со паркинг за камиони на површина од 3000 м².

Инаку во пералната „CityCentre“ се користат „riwax“ средствата за перење од Швајцарија, а има можности и за перење со топла вода и подигање на вашето возило и темелно чистење од долната страна.

„Сакаме на сите возачи да им понудиме квалитет, оти разликата не е во цената туку во квалитетното чистење. Доколку станат наши членови, со клуб картичката секое 11-то перење е гратис, а на секој три месеци ќе имаме и богата лотарија, каде сите наши клиенти ќе бидат во опција за престој во Банско, Бугарија на основа „all inclusive“, но и да добијат бесплатно полирање, хемиско чистење и многу други награди“ - вели Стојчо Масларов, сопственик на автопералната, кој додава дека овде нема многу чекања за да вашето возило го добие вистинкиот сјај. Уверете се во квалитетот на „City car Centre“ и не дозволувајте другите да ви раскажуваат. Контакт број со „CityCentre“: 070 31 11 66.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...