Испечатете ја страната

Васил Гарванлиев победи со „Ѓердан“ на светскиот реномиран фестивал „World Folk Vision“

Среда, 01 Јули 2020

„Global Culture Initiative“ денеска ја објави листата со победници на фестивалот „World Folk Vision 2020“. Во категоријата за најдобра песна победник е нашиот овогодишен преставник на Евровизија, струмичанецот Васил Гарванлиев со песната „Ѓердан“.

На овој глобален фестивал учествуваа над 4000 реномирани уметници од пет континенти, а гласањето траеше еден месец и воедно беа вклучени 44-членото професионално жири од повеќе земји од светот.

Организаторите известија дека над 26 милиони гласачи од 150 земји одлучиле за победниците во три категории: инструменти, глас и танц, кои оваа година поради новонастанатата ситуација со Ковид-19 се одвиваше на нивната платформа онлајн.

„Се уште не ми верно, чест ми е што ја претставувам Македонија на ваков светски реномиран фестивал и особено сум среќен што одлучивме токму со „Ѓердан“ да учествувам, песната која ја посветив на нашата тактовина и која ме врати назад во моето родно место. Оваа награда ја посветувам на сите тие што веруваа во мене, на мојата земја и на сите уметници кои творат и не се откажуваат од својот сон дури и во вакво време“ – вели Васил.

Песната „Ѓердан“ беше објавена во септември 2018, музиката е на Саша Драгиќ, текст на Весна Малинова со аранжман на Диран Тавитијан.

Ова е историски момент за македонската музичка сцена и прва голема победа на Васил на интернационално ниво. Васил ќе настапи на Гранд финалето кое ќе се одржи од 1-7 ноември оваа година во Катар.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште…

Окт 05, 2022 Вести

Струмица доби уште еден современ отворен спортски терен за сите љубители на спортските активности. Повеќенаменското спортско игралиште во дворот на Д...